Спорт
Поповски по УЕФА сертификатот за услогласеност и работа, истакна дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси
Пред речиси две децении, УЕФА започна со систем за лиценцирање на клубовите за да можат да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА, но системот се разви во нешто многу повеќе, а денес е составен дел од обврските и плановите за работа на бројни асоцијации и клубови ширум Европа.
Фудбалската федерација на Македонија и оваа година доби потврда, т.е. сертификат за услогласеност и работа на лиценцната администрација со важност до август 2023 година.
Системот за лиценцирање е создаден како збир на критериуми што клубовите мора да ги исполнат за да можат да учествуваат во натпреварите на УЕФА. Лиценцирањето на клубовите е вклучено во програмата и стратегијата на секоја федерација, како и на клубовите, и е една од клучните точки во работата и планирањето не само на развојот и напредокот на одреден клуб, туку и на неговото деловно функционирање.
Фудбалската федерација на Македонија го спроведува системот за лиценцирање клубови и има посебен систем за лиценцирање за домашните првенства.
– „Лиценцирањето на клубовите во Македонија се смета за најдобра алатка за постигнување високи стандарди во фудбалот. Системот е широко прифатен со голема доверба во него и е охрабрен од клубовите, носителите на одлуки, јавноста, навивачите и другите учесници. Одделот за лиценцирање, како и досега, секогаш ќе биде на располагање за сите прашања и совети, но секако клубовите се тие кои треба да направат добар дел од работата во овој процес. Драго ми е што напредокот е видлив од година в година во однос на исполнувањето на критериумите, документацијата и комуникацијата, а повратните информации ни кажуваат дека процесот на лиценцирање навистина помага во развојот на сите фудбалски и деловни процеси, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle2 денаЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Временска прогноза17 часаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили2 денаГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Хороскоп3 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Магазин2 денаSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
