Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
На 16/17.03.2024 од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници санкционирале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Денес заврши законската обвраска за поседување зимска опрема во возилата
Денеска заклучно со ден 16.03 и официјално заврши законската обврска за поседување зимска опрема во возилата. Истата како што знаеме беше активна од 15.11 и траеше без никакви отстапки, односно временска состојба.
Македонија
Грузиец бил приведен за нудење поткуп на ГП „Табановце“, фалсификуван бил и зелениот картон на возилото
На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.
Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт16 часа
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Магазин2 дена
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Кичево4 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Македонија2 дена
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили2 дена
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари
-
Магазин15 часа
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција