Македонија
Денес ОВР Кичево во координација со ДПИ и службите утврдија низа неправилности во одредени сектори

Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа извршија заеднички координирани контроли во повеќе отпади на подрачјето на ОВР Кичево.
Притоа, во отпад за половни возила во Кичево, сопственост на Д.А. од Кичево, од страна на Државен пазарен инспекторат е констатирана неправилност за обавување нерегистрирана дејност, издаден е платен налог и изречена е забрана за обавување дејност од 30 дена, од Царинска управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со обавување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.
Во отпад, сопственост С.М. од с.Грешница, на магистрален пат кај с.Зајас, од страна на Државен пазарен инспекторат констатирана е неправилност за обавување нерегистрирана дејност во соодветен регистар и за небаждарена вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, сопственост на Х.П. од Кичево во индустриска зона Кичево, од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба, додека од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за обавување на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба.
Од страната на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.
Ваквите заеднички контроли на полицијата и инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период на сите подрачја во државата, за медиумите истакнаа од МВР.
Македонија
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,649 ден/кг и сега ќе изнесува 38,130 ден/кг.
Од 21.3.2023 година цените на нафтените деривати ќе бидат следните:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар):
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар);
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Авто-плинот за сега е со иста непроменета цена за литар, односно 50 ден/лит.
Ќе има ли конечна промена периодот пред нас или не, останува да видиме, со оглед дека ова погонско гориво не потпаѓа под РКЕ. Карактеристично за ТНГ секогаш било намалување на неговата цена за литар во пролетно-летниот период.
Македонија
Од ноќеска дизелот и бензинот со намалена цена, еве по колку ќе чини..

Од полноќ бензинот еуросупер БС-95 и Еуродизелот поевтинуваат за 2 ден за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 81,5, а на еуродизел 75,5 денари за литар. Еуросупер БС-98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.
Македонија
АМСМ: Поради работа на пат од денес до сабота времена забрана за сообраќај кај делница 4 од с.Ногаевци до с.Виничани

Од АМСМ известуваат дека поради вградување на асфалтен слој(асфалтирање), од денес 15.03.2023 до 18.03.2023, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4 (делот од с. Ногаевци до с. Виничани) од 08:00 – 16:00 часот.
-
Кичево20 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (22 март)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија2 дена
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза2 дена
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!