Македонија
Цената на дизелот од ноќеска се намалува, додека бензините остануваат со иста цена за литар
Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.
– Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 82, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 80,5 денари за литар.
– Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 84, односно 86 денари за литар и 41,346 денари за килограм“, информираат од Регулаторна.
Македонија
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
На 16/17.03.2024 од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници санкционирале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04, Кичево-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Денес заврши законската обвраска за поседување зимска опрема во возилата
Денеска заклучно со ден 16.03 и официјално заврши законската обврска за поседување зимска опрема во возилата. Истата како што знаеме беше активна од 15.11 и траеше без никакви отстапки, односно временска состојба.
Македонија
Грузиец бил приведен за нудење поткуп на ГП „Табановце“, фалсификуван бил и зелениот картон на возилото
На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп.
Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.
Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт13 часа
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Магазин1 ден
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Кичево2 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Култура2 дена
Денес е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите кои мора да ги направите за овој ден
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Македонија1 ден
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили1 ден
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари