Скопје
Поради зафати на електродистрибутивната мрежа делови од Скопје денес ќе бидат без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Скопје КЕЦ Аеродром
АЕРОДРОМ: Јавор Комерц бул. 3-та Мак. Ударна Бригада, сервис Цилаз бул. 3-та Мак. Ударна Бригада. (Од 08:00 до 15:00 часот)
Скопје КЕЦ Васил Главинов
ЦЕНТАР: ул. 166, ул. Хусеин Бајрам, ул. 165, ул. 172. (Од 08:15 до 15:00 часот)
ЧАИР: Хоџа Атула Куртиши Ата бр.12-бр.35, ул. Војдан Чернодрински, позади полициска станица “Бит Пазар” . (Од 08:30 до 12:30 часот)
Скопје КЕЦ Ѓорче Петров
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Дел од населба ,, Стопански Двор,, , објекти околу стопански објект ,, Галафарм,,. (Од 09:00 до 14:30 часот)
Извор: Струја
Скопје
СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител, предмалку информира МВР.
Скопје
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат.
Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).
Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, соопшти МВР предмалку.
Скопје
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.
-
Кичево22 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево13 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите