Кичево
Посебен режим на сообраќај в недела во Кичево поради тркачки маратон „kRun“
Во недела на ден 29.10.2023 со почеток од 09:00ч ќе се реализира првиот тркачки маратон на 5 и 10 километри „kRun“.
Стартна точка ќе биде од градскиот плоштад, така што за реализација на овој маратон делови од главни улици и делници ќе бидат со посебен сообраќаен режим, односно ќе бидат со забранет комерцијален сообраќај додека истиот се одржува.

Во прилог улици кои ќе бидат со времена забрана за сообраќај од 09:00 до 12:00ч сè:
- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница на ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза.
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад.
Им посакуваме среќа на сите учесници кои зедоа свое учество на овој маратон.
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И. (47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.
По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево7 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп19 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза18 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle5 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
