Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Денес со свеченост започна изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Извор – кичевско

Денес во кичевското село Извор во присуство на стотици граѓани започна изградбата и осветувањето на темелите на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ каде беа и изложени дел од моштите на Св.Ѓорѓија. Црквата ќе биде прв верски објект во селото, во непосредна близина на изворите од река „Треска“.
Со Света Божествена литургија беше спуштена светата вода, како и трите плочки со златниот крст во темелот, селаните свечено ги поставија темелите.
На манифестацијата свое учество зедоа групата „Бели Мугри“, КУД „Рацин“, естрадните уметници, Михајло Данилоски, Дарко Стојаноски и Дамјан Стојаноски, имаше и забавна програма Дарио „СПН“ и останати гости, додека за сите присутни имаше обезбедено посебен пулт за коктел и пијалок.
На овој настан како медиумски покровители беа колегите од Канал 5 телевизија, ние (Порта.мк) и локалната радио станица „Акорд“. „Порта“ обезбеди мега-галерија, како и снимка од воздух во заедничка соработка со водечките лидери во ТВ етерот.
Во прилог настанот Ви го прикажуваме преку официјална галерија преку нашиот објектив:
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Македонија1 ден
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Магазин1 ден
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“
-
Македонија9 часа
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија2 дена
СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Магазин6 часа
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации