Култура
После 13 години пристигна трејлерот за Avatar 2

Во морето неуспеси на Marvel, како и последниот филм за Dr. Strange, Avatar би можел да биде вистинско освежување, но тоа нема да го знаеме до 16 декември годинава, кога е најавена неговата премиера. Трејлерот беше достапен во некои кина, а денес може да се најде на YouTube.
Стар и нов тим
Avatar: The Way of Water ги враќа познатите протагонисти од првиот дел: Сем Вортингтон и Зои Салдану, заедно со дел од стариот тим: Safe Weaver и Џовани Рибиси и новите лица: Кејт Винслет и Мајкл Јео.
За да ја подготви публиката за вистински блокбастер, Disney ќе го врати оригиналниот Avatar во кината на 23 септември, само за да ве потсети каков визуелен спектакл ве очекува.
Култура
Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје

На 24.05.2022 година во вторник, ќе се одржи најсвечената Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на која ќе служат светејшиот патријарх српски г.г. Порфириј и Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Поради тоа, се известува верниот народ од Кичево дека ќе има БЕСПЛАТНО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ за заедничката служба на која ќе служат патријархот и архиепископот, та да се земе учество на овој историски настан, којшто ќе остане запаметен во историјата на Република Македонија и запишан во страниците на црковната светска историја.
Организиран е автобуски превоз со ограничен број на седишта, поточно 52 слободни седишта.
Пријавувањето ќе биде во нашиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.
Тргнувањето ќе биде во 06⁰⁰ часот наутро од пред храмот, па затоа најдобро е најдоцна до 05⁴⁵ часот да се соберат сите за да тргне навремено превозот.
Литература
Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време!
Во преданијата кои ја раскажуваат Македонија, ќе сретнете непокор, јунаштво, предавства, љубов, мудрости, приказни во кои дефилираат цареви,
принцези, војсководци, бегови, паши, невести, ѓаволи, доаѓаат и светците како заштитници, а прелетува и по некој змеј.
Кратка содржина:
Како Свети Јован го спасил Бигорскиот манастир од уништување? Како од солзи можат да се создадат езера? Зошто е проколната грешната принцеза Струма?
Како Мариово добило царски ферман за навек да остане христијанско? За кого клетвата значи скаменување? Зошто мајмун не игра во Прилеп?
Зошто ѓаволот не успеал да го догради ѕидот во Овче Поле? Како копјето станува волшебно кога ќе ја чуе песната на соколот?
Дали под Плетвар има подземни пештери кои водат до Солун? Како настанал охридскиот чун? Колку долго Бела Ица го чекала царот Александар да дојде по неа?
На сите овие прашања, одговорите се кријат во овој зборник – овде се собрани само дел од приказните со кои можеме читајќи да пропатуваме низ времето на прастарата и никогаш недораскажана Македонија. Преданијата од нашите предци ги наследуваме со вековен аманет да ги раскажеме, запишеме и да им подариме вечност, а со тоа ги овековечуваме и оние кои нам ни ги раскажале.
Култура
Денеска е празник – св.Атанасиј Велики повеќе познат меѓу народот како „Танасовден“ – летен

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски.
Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец.
Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото.
Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.
По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (23 мај)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (22 мај)
-
Lifestyle11 часа
Колку се заработува во Германија? Список на плати за 100 занимања
-
Македонија7 часа
Од ноќеска ново поскапување на бензините!
-
Македонија1 ден
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница
-
Временска прогноза2 дена
Невообичаено високи температури со можност за локално невреме
-
Скопје2 дена
Полицијата не простува, вчера изрече дури 246 мерки
-
Магазин11 часа
Комплетна листа на уреди што добиваат Android 13