Култура
Православните верници утре го прославуваат празникот „Ѓурѓовден“ кој го овновува животот и природата

Православните верници утре го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.
Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.
Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.
Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.
Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.
Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.
Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.
Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.
Литература
Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време!
Во преданијата кои ја раскажуваат Македонија, ќе сретнете непокор, јунаштво, предавства, љубов, мудрости, приказни во кои дефилираат цареви,
принцези, војсководци, бегови, паши, невести, ѓаволи, доаѓаат и светците како заштитници, а прелетува и по некој змеј.
Кратка содржина:
Како Свети Јован го спасил Бигорскиот манастир од уништување? Како од солзи можат да се создадат езера? Зошто е проколната грешната принцеза Струма?
Како Мариово добило царски ферман за навек да остане христијанско? За кого клетвата значи скаменување? Зошто мајмун не игра во Прилеп?
Зошто ѓаволот не успеал да го догради ѕидот во Овче Поле? Како копјето станува волшебно кога ќе ја чуе песната на соколот?
Дали под Плетвар има подземни пештери кои водат до Солун? Како настанал охридскиот чун? Колку долго Бела Ица го чекала царот Александар да дојде по неа?
На сите овие прашања, одговорите се кријат во овој зборник – овде се собрани само дел од приказните со кои можеме читајќи да пропатуваме низ времето на прастарата и никогаш недораскажана Македонија. Преданијата од нашите предци ги наследуваме со вековен аманет да ги раскажеме, запишеме и да им подариме вечност, а со тоа ги овековечуваме и оние кои нам ни ги раскажале.
Култура
Денеска е празник – св.Атанасиј Велики повеќе познат меѓу народот како „Танасовден“ – летен

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски.
Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец.
Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото.
Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.
По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.
Музика
Украина е победник на 66 издание на „Евровизија“, очекувано?

Вечерва во Торино се одржа големото финале на 66. Избор за песна на Евровизија. Финалето го отворија претставници на Чешка, а го затворија пејачка од Естонија. Констракта претставувајќи ја соседна Србија изведе песната „In corpore sano“ претпоследна, под реден број 24.
Во текот на вечерта видовме 25 настапи од исто толку земји, додека гласаа уште 15 земји. Тие 15 земји се оние кои не се пласираа во двете полуфиналиња на „Евровизија“, но, како што беше во претходните години, ќе можат да гласаат во финалето.
Предлозите се такви што 50 отсто од гласовите доаѓаат од стручното жири, од секоја земја поединечно, додека 50 отсто се гласовите на публиката.
Точниот редослед на финалистите на Евровизија е: Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска , Австралија, Англија, Полска, Србија, Естонија.
Украина извојува убедлива победа на овогодинешната Евровизија. Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“.
Честитки на одличната изведба!
ФОТО: Eurovision Song Contest
-
Кичево1 ден
Удрен пешак од кичевско село, истиот се здобил со повреди констатирани во Медицински центар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (20 мај)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (21 мај)
-
Временска прогноза1 ден
Следуваат многу топли денови, но нестабилноста не е исклучена на овие места
-
Спорт13 часа
По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија
-
Магазин1 ден
Употребата на мобилни телефони од страна на децата забележа најбрз раст во последните четири години
-
Магазин1 ден
Канада му забрани на Huawei да учествува во 5G мрежите
-
На денешен ден2 дена
20 мај – На денешен ден