Следете не

Автомобили

Пожарникарите: „Батериите на автомобилите се нова опасност“

Објавено пред

на

Не толку одамна, во фабриката на General Motors во Детроит, стотина пожарникари мораа да се борат со пожар. Сега се откриени нови детали за овој инцидент.

Според GM, пожарот најверојатно бил предизвикан од виљушкар кој пробил магацин во кој имало материјал за батерии на електрични автомобили.

Порталот Crain’s Detroit Business, пак, пишува дека при интервенцијата е повреден еден пожарникар, а сите кои учествувале во гаснењето биле погодени од штетните гасови создадени од батериите.

Шефот на противпожарната служба во Детроит, Денис Хантер, рече дека досега морале да одговорат на осум инциденти во истата фабрика.

„Батериите за електричните возила се нова закана со која се соочува нашата земја. Работиме со оваа фабрика на планови во случај да се случи тоа, како и како да го подобриме начинот на кој тие ракуваат со батериите“, рече Хантер.

GM рече дека компанијата повикува пожарникари што и да се случи, но и дека не секој инцидент кога биле повикани „би бил поврзан со пожар или батерии“.

Автомобили

Утре во Прилеп ќе се одржи традиционалниот „Авто слалом“, учество ќе земе шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре (недела), 1-ви јуни со почеток од 11:00ч, град Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалното државно првенство на Македонија во „Авто слалом“ со возила „Олд тајмери“ и „Јанг тајмери“ во организација на Национална Федерација за историски возила на Македонија која припаѓа во семејството на „FIVA“ – Fédération Internationale des Véhicules Anciens и „Класика Прилеп“ поддржано од Министерство за Спорт.

На наше огромно задоволство и под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе нашиот кичевчанец, поранешен шампион и долгогодишен искусен учесник Кристијан Бојоски со својот модифициран „Опел Кадет“, кој долги години е миленик на прилепската публика, а владее голема поддршка и од нашиот град Кичево.

Инаку да потсетиме лани Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40

Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, а тука не смее да се заборави поддршката на „Adler“, успешно плови по автомобилистичките води.

Имено да потсетиме, во октомври 2023, Бојоски го извози најдоброто време во класата „олд тајмери“ и се закити со пехар и медалја.

Настанот е на официјалната локација пред „Палма Шоп“ во Центарот на градот. Истиот беше закажан за 11-ти мај, но доби нов датум 1-ви јуни поради санација на делови од патеката, тогаш истакнаа од организацијата.

Со среќа на сите учесници!

 

Прочитај повеќе...

Автомобили

„BMW“ во својата палета на електрични автомобили ќе го истакне својот модел „i4 M60“, со неверојатни 593 коњски сили

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/i4m60/2024

Помина нешто повеќе од една година откако BMW направи освежување на Серија 4 Gran Coupe и електричниот модел i4. Сепак, спортската верзија i4 M50 тогаш не доби технички промени. Таа продолжи да се нуди со истата M Performance поставка која развива 536 коњски сили и 795 њутн-метри вртежен момент. Неколку месеци подоцна, BMWBLOG објави информации дека се подготвува помоќна верзија – i4 M60. Сега, иако неофицијално, таа верзија се појави на холандската страница на BMW.

Новата i4 M60 веќе е наведена меѓу понудените модели, иако сè уште не може да се конфигурира. Интересно е што i4 M50 сè уште стои во понудата, но тоа веројатно ќе се промени наскоро. Новиот модел носи 593 коњски сили, што е за 57 КС повеќе од претходниот. Вртежниот момент останува ист – 795 њутн-метри.

Поради дополнителната сила, i4 M60 е побрз – од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,7 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од M50. Максималната брзина останува ограничена на 225 км/ч. Покрај подобрените перформанси, има и други новитети кај оваа верзија, која е најпродаван BMW M модел последниве три години.

Според податоците од холандскиот сајт на BMW, новиот i4 M60 има автономија од 432 до 551 километар според WLTP стандардот. Иако минималниот дострел е помал од претходната верзија (469 км), максималниот сега е поголем (513 км порано). Батеријата и натаму има капацитет од 81,1 kWh, со максимално полнење на 205 kW со еднонасочна струја.

Новата верзија троши малку повеќе енергија – од 21 до 16,6 kWh на 100 км, додека старата верзија имаше потрошувачка од 19,7 до 17,9 kWh. Исто така, автомобилот е малку полесен – намален е за 5 килограми, па сега тежи 2.285 кг.

Брзината на полнење исто така е подобрена. За само 10 минути, може да се добие енергија за 141 до 185 километри, додека кај претходниот модел тоа беше 135 до 175 километри. Бидејќи BMW веќе ги подновува своите веб-страници со новиот модел, целосното претставување на i4 M60 најверојатно ќе се случи многу наскоро.

Извор: bmwblog.com

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube/DPCcars

„Ферари Ф50 Легаси тур“ 2025 слави 30 години од еден од најзначајните суперавтомобили на „Ферари“ со патување низ Тоскана и круг на патеката Фиорано. Но, ова не е само прашање на возење – ова е и деби на сосема нова гума Pirelli направена ексклузивно за F50.

Ферари ја оживува историјата со секој настан на Легаси. Од Сатурнија до Маранело, од кривулести патишта до бучавата на тркачката патека, ова е прослава на инженерството, убавината и длабоката врска помеѓу машината и возачот, пренесува autoblog.rs.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Регионалниот центар Запад во содејство со СВР Охрид во охридско кабаре приведоа странски државјанки, злоупотребиле туристички престој

Денеска (01.06) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар...

Македонија6 часа

На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата...

Мобилни уреди6 часа

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува...

Македонија7 часа

МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката...

Македонија8 часа

Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири

Поттикнати од јавните бранувања, објавите по медиумите и социјалните мрежи и од неодамнешните јавни собири во врска со назначувањето на...

Временска прогноза10 часа

Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните...

Хороскоп21 час

Месечен Хороскоп (јуни 2025)

ОВЕН Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите а со...

Кичево23 часа

(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите...

Кичево23 часа

Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот

Група граѓани од Кичево за утре 1-јуни најавија мирен собир во знак на почит на владиката Партениј. Во натпис на...

Временска прогноза1 ден

Конечно очекуваните летни температури на повидок во Македонија, ова се информациите

Територијата на Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот...

НАЈЧИТАНИ