Следете не

Македонија

Пренасочување на сообраќај поради градежни работи на пат Штип-Кочани, ова се деталите..

Објавено пред

на

Пренасочување на сообраќајот на делница од магистралниот пат А3, поради изведување градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од 12 до 14 ноември 2021 год. , сообраќајот на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница, на магистралниот пат А3 ќе биде со пренасочен режим.

Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим.

Извор: АМСМ

Македонија

На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Објавено пред

на

©porta.mk

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.

– Имено, најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево-Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.К. којшто со патничко возило „Мерцедес“ го управувал возилото со брзина од 145 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина била 60 км/час. Истиот ден во 22.50 часот на регионален пат Желино- село Сиричино, полициски службеници од Полициската станица за безбеденосен сообраќај Тетово, ги лишиле од слобода М.Л. од Ресен кој управувал патничко возило „Рено“ под дејство на алкохол (кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта).

Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди“ со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота“ предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ“ во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј“ во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта.

И последниот денешен случај во 09,28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат“ со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час.

Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот

Објавено пред

на

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот.

Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње.

Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени – возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште.

Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири

Објавено пред

на

ФОТО: Бигорски Манастир / bigorski.org.mk

Поттикнати од јавните бранувања, објавите по медиумите и социјалните мрежи и од неодамнешните јавни собири во врска со назначувањето на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, чувствуваме обврска да се обратиме со зборови на љубов и духовно расудување.

Благодарни сме што верниците, постапувајќи според својата загарантирана слобода, самоорганизирано ја покажуваат својата грижа и љубов кон Црквата.

Таа грижа сведочи за нивната жива вера и за длабоката поврзаност со Црквата, како и кон нивната ревност кон црковните преданија.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален натпис ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија54 минути

На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата...

Мобилни уреди1 час

Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува...

Македонија2 часа

МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката...

Македонија4 часа

Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири

Поттикнати од јавните бранувања, објавите по медиумите и социјалните мрежи и од неодамнешните јавни собири во врска со назначувањето на...

Временска прогноза5 часа

Најави за дожд речиси и да нема, следува период на летни температури и покачен УВ индекс

Пред нас е период на значително потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот. Нашата Република Македонија во следните...

Хороскоп16 часа

Месечен Хороскоп (јуни 2025)

ОВЕН Иако сте родени како борец, поседувате срце на некој кој посакува мир. Денес ќе посакувате да водите а со...

Кичево18 часа

(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите...

Кичево18 часа

Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот

Група граѓани од Кичево за утре 1-јуни најавија мирен собир во знак на почит на владиката Партениј. Во натпис на...

Временска прогноза1 ден

Конечно очекуваните летни температури на повидок во Македонија, ова се информациите

Територијата на Република Македонија полека потпаѓа под влијание на најавениот прв топлотен Африкански бран за оваа сезона. Температурите на воздухот...

Мобилни уреди1 ден

Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал...

НАЈЧИТАНИ