Македонија
Пренасочување на сообраќај со времетрање од 7 месеци поради работи на експресниот пат од Градско до Дреново на автопатот Е-75

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75,ќе може да се вози по возната сообраќајна лената и лентата за застанување, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.
Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон граничен премин Богородица и во правен на граничен премин Табановце.
Пренасочувањето на сообраќајот ке трае во следните 7 (седум) месеци.
Известува: АМСМ
Македонија
Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско

Денез во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се шест возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Важно известување за патниот правец Маврово-Галичник, поради градежни работи сообраќајот ќе биде со времен прекин во работни денови

Од АМСМ известуваат дека од денес 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.
Македонија
Горивата од ноќеска драстично поевтинуваат, но цената на авто-плин непроменета подолг период?

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за 2,960% и кај мазутот намалување за 1,402%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,557 ден/кг и сега ќе изнесува 52,786 ден/кг.
Граѓаните со бурни реакции по социјалните мрежи реагираат и за авто-плинот (тнг) кој во континуитет подолго време се продава по непроменета цена, односно 53 ден/лит.
Од 9.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,786 (денари/килограм)
-
Хроника11 часа
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Кичево1 ден
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда [10 август]
-
Кичево2 дена
За денес најавен прекин на електрична енергија во следните кичевски улици и села
-
Култура2 дена
За слобода на денешен ден се војувало на месноста Подуач с.Речани – кичевско, слава им!
-
Временска прогноза8 часа
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Lifestyle1 ден
Подгответе се, заразните болести ќе се влошат поради климатските промени
-
Магазин1 ден
Сега имате два дена да ги избришете погрешно испратените пораки на WhatsApp