Македонија
Несреќен случај во Крушево, се сопнал и паднал испукувајќи куршум при што самиот тешко се повредил

На 17.11.2021 во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И. (34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.
Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка.
За настанот бил известен Јавен обвинител.
Извор: МВР
Македонија
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените

Ноќеска на 05.07.2022 година во 01 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина. Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости.
Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалуваат за половина денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1 денар, за разлика од нив пак дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува со иста цена, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува исто така за 1 денар по литар.
Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)
Македонија
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места

На 01.07.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени акциски сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 27 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на недозволени и непрегледни места (Охрид-10, Струга-9, Кичево-5, Дебар-3).
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Кичево15 часа
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Магазин17 часа
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Македонија13 часа
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Занимливости2 дена
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
Временска прогноза17 часа
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..
-
Временска прогноза2 дена
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите
-
Македонија1 ден
Мало намалување на цената на бензинот, додека дизелот останува непроменет