Следете не

Спорт

Прес пред големото фудбалско финале помеѓу Македонија Ѓ.П. и Силекс за Купот на Македонија

Објавено пред

на

Во пресрет на утрешниот финален натпревар од Купот на Македонија меѓу екипите на Македонија Ѓ.П. и Силекс, тренерите и капитените на двата тима на официјална прес – конференција ги споделија своите очекувања за 29. финале од Купот на Македонија.

Муарем Бајрами – шеф на стручниот штаб на ФК Македонија Ѓ.П.

– “Македонија Ѓ.П. сосема заслужено е во финалето од Купот на Македонија, но знаеме што не очекува во пресметката со Силекс. Ги елиминиравме Академија Пандев, Шкупи и Струга и сосема заслужено сме во мечот за титула.
Мислам дека имаме квалитет и можеме да го освоиме трофејот. Имаме голема почит кон Силекс, тим кој е актуелен освојувач на Купот, без разлика на тоа што оваа година влегоа како второлигаш во финалето. Направивме добра анализа, гледавме повеќе нивни натпревари затоа што се немаме меѓусебен дуел една година со нив. Се работи за одличен тим, воден од тренер со којшто знаат што сакаат на теренот. Силекс условно се прошета во Втората лига, така што очекувам доста интересен натпревар, но јас верувам во мојот тим. Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“.

Горазд Михајлов – шеф на стручниот штаб на ФК Силекс:

– “Сите знаете дека Силекс минатата сезона испадна, меѓутоа го освои Купот и ние сме бранители. Ние сме прв второлигаш во едно финале и да го брани трофејот. Како екипа се собравме минатата сезона, работите во Втората лига ги си завршивме со време и тоа ни беше приоритет. Верувам дека кој и да игра утре ќе го даде максимумот. Го респектирам противникот, до последното коло беше во игра за Европа преку лигата, па така и Македонија Ѓ.П. си ја гледа својата шанса преку Купот. Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено. Меѓутоа, блага предност има противникот, затоа што тие, сепак, доаѓаат од повисок ранг. За мене ова е трето финале, едно освоив, едно загубив со Тетекс, па зошто да не биде трета среќа?“

Адем Ермедин – капитен на Македонија Ѓ.П.

– “Следи еден голем натпревар за нас, цела сезона се бориме за вакви натпревари. Сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп-трофеј. Имаме респект за Силекс и можам да кажам дека не сме случајно во ова финале. Ние како екипа сме подготвени, имавме можеби најтежок пат до финалето, но ги минавме сите и тука сме. Знам дека кој и да игра во финалето ќе го даде максимумот и сакам да го освоиме трофејот и да го донесеме трофејот по долги години во Ѓорче“

Даниел Божиновски – капитен на Силекс:

– Од почетокот на сезоната претрпевме промени во тимот. Нашиот тим 95% е составен од нови играчи и фудбалери за разлика од минатата сезона. Со тек на времето, полека се воигравме, направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влезот во Првата лига, тоа и го остварвме. Предизвик ни беше да дојдеме до финалето на Купот, еве го и тоа, па знам дека секој ќе го даде максимумот.“.

Спорт

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

Објавено пред

на

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Дополнително:

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Објавено пред

на

©porta.mk

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.

Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.

Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!

Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА

– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е  неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.

Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски

Број 7, Стефан Стојаноски

Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Објавено пред

на

©porta.mk

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.

На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.

Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.

Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle33 минути

Идеално решение за мувла во бањата: експертски совети за ефикасна превенција

Мувлата во бањата е чест проблем со кој се соочуваат речиси сите домаќинства. Сепак, со неколку едноставни и практични мерки...

Фото: Taylor Beach @ unsplash Фото: Taylor Beach @ unsplash
Lifestyle36 минути

Патник споделува трикови за паметно пакување: „Носете ги најтешките предмети врз себе“

Паметното пакување може значително да ви заштеди простор, тежина и стрес при патување. Искусни патници советуваат дека со неколку едноставни...

ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com ФОТО: Levart_Photographer @ Unsplash.com
Магазин39 минути

Disney инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и ги отвора своите легендарни ликови за вештачка интелигенција

Компанијата Walt Disney објави дека инвестира 1 милијарда долари во OpenAI и потпишала тригодишен договор за лиценцирање, со кој корисниците...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин43 минути

По iOS 26.2, Apple оди чекор понатаму: 10 клучни функции доаѓаат со идните верзии на iOS

Протечени информации од внатрешниот програмски код на Apple откриваат амбициозни планови за идните верзии iOS 26.4, iOS 27 и iOS...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин54 минути

Apple ги објави најпопуларните апликации и игри за iPhone и iPad во 2025 година

Apple ја објави официјалната листа на најпреземаните апликации и игри за iPhone и iPad уредите за 2025 година, откривајќи кои...

На денешен ден4 часа

Времеплов: На денешен ден (15 декември)

На денешен ден 15 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Спорт14 часа

Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар

На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за понеделник (15 декември)

ОВЕН Може да очекувате генерално поволен ден. Ако вашата работа е поврзана со продажба, ќе имате голем успех. Можно е...

Временска прогноза14 часа

Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на...

Технологија15 часа

Откриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима

Новооткриениот малвер „DroidLock“ моментално е насочен кон корисници во Шпанија и се шири преку измамнички фишинг веб-страници. По инсталацијата, користи...

НАЈЧИТАНИ