Магазин
Претплатата на Telegram Premium пристигнува со бројни подобрувања
Telegram наскоро ќе започне да нуди некои функции зад претплатата, а во блог пост беше објавено дека услугата наскоро ќе лансира претплата на Telegram Premium, која на корисниците ќе им обезбеди нови функции, брзина и ресурси.
Павел Дуров, основачот на Telegram, спомна некои од функциите што доаѓаат со претплата, вклучувајќи ран пристап до некои опции, можност за вметнување поголеми датотеки, премиум налепници и реакции и многу повеќе.
Беше истакнато дека постојните функции на Telegram ќе останат бесплатни и дека платените функции нема да влијаат на искуството што го добиваат корисниците на бесплатните сервисни функции. Оние кои нема да ја платат претплатата ќе можат да гледаат големи датотеки поставени од корисниците на Premium, а ќе можат да гледаат и налепници и реакции на Premium.
Комплетната листа на функции на Premium се уште не е позната, но се чини дека претплатата ќе биде насочена кон напредните корисници на Telegram. Податоците собрани од бета верзијата сугерираат дека претплатата на Telegram Premium ќе чини 4,99 долари месечно.
Бета верзијата на оваа услуга покажува дека постои побрза опција за преземање датотеки, пораки од глас во текст, алатки за прилагодување разговори, а корисниците на Premium нема да гледаат реклами на секој канал и корисниците ќе можат да ги исклучуваат рекламите и реклами.

Магазин
Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по петти пат, со голема радост ја најави нејзината традиционална хуманитарна Новогодишна 🎄 акција со илустрирани честитки!
Нејзината 🎄 новогодишна акција, Ви ја споделуваме во целост:
Со огромна радост, ја објавувам годинешната хуманитарна акција со Новогодишни честитки! Честитките се илустрирани од мене, со многу љубов и внимание. Ви носам свежи дизајни во кои има чувство на топлина, се буди носталгија, но и надеж за поубави времиња во иднина. Честитките се во А6 формат и се отвораат. Подетален опис има под секоја честитка индивидуално.
За прв пат оваа година, благодарение на Студио Контура, честитките се печатени на рециклирана хартија – што значи, имаме и еколошки елемент на акцијата. Како и сите години претходно, принтот си го покриваме јас и Nikola, честитките се продаваат по само 50 денари, и цел профит оди за хуманитарни цели кои ги одлучувам на крај на акцијата.
Еве како се алоцираа средствата претходните години:
https://tinyurl.com/chestitki2025
https://tinyurl.com/chestitki2024
https://tinyurl.com/chestitki2023
https://tinyurl.com/chestitki2021
Честитките се достапни преку порака, во инбокс кај мене.
За во:
– Скопје – Ви ги доставувам лично на договорено место;
– Кичево и Струга – или ќе ги земете од кај нашите семејства, или ќе ви ги донесам ако сум јас во тој период тука;
– Други градови: Испраќам по карго, за порачани 14+ честитки доставата е бесплатна.
– Оваа прилика сакам да ја искористам и сакам најтопло да се заблагодарам на вашиот медиум кој секоја година ми дава значајна поддршка, како и на секој од вас што претходните години си купи од моите честитки, и однапред да се заблагодарам на сите кои ќе купите честитки годинава. Без сите Вас, овие акции не би биле можни. Јас сум пресреќна што години уназад, со мојот скромен талент успевам да направам нешто убаво, но и што сите Вие имате доверба во мене, за Порта.мк истакна Ивана
Хумани луѓе, пишете ми за порачка и споделувајте ја акцијата!
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 декември)
ОВЕН
Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка. На емоционален план имате потреба да доминирате над партнерот. Здравјето е солидно.
БИК
На работното место сте самоуверени и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и слатки зборови со другата половина. Прошетката е добар начин за опуштање и подобрување на расположението.
БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми никако да завршат а тоа ве прави фрустрирани. Емоциите ви вријат, можете да дојдете до проблеми во врската поради љубомора. Кога е здравјето во прашање, физички сте неактивни а тоа доаѓа на ваша штета.
РАК
Ви следи деловно и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што трудот ќе ви се исплати. Во емоционална смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не можете да го промените. Здравјето е солидно.
ЛАВ
Поради работата самодовербата ви е доста ниска. Сатисфакција добивате на емоционално ниво преку партнерот на чија љубов и поддршка можете да сметате во секој миг. Кожата ви е прилично чувствителна.
ДЕВИЦА
Денес е поволен ден за да се позанимавате со некои постари обврски и конечно да ги тргнете од дневниот ред. Во емоционална смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Здравјето ви е солидно.
ВАГА
Расположени сте за работи и сите цели ви делуваат лесно остварливи и достапни. На емоционален план сте напнати па можно е да вашето незадоволство да го „истурите“ врз партнерот. На здравствено поле можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Во тек е деловен ден поради што ќе се чувствувате максимално фрустрирани. Имате чувство дека не се поместувате од мртва точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се прилично чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Денешниот ден е неповолен за комуникација и сообраќај па пожелно е да бидете внимателни. Во емоционална смисла сте затворени и не сакате да зборувате отворено за вашите емоции. Ве очекува нервоза од минлив тип.
ЈАРЕЦ
Денот е неповолен за состаноци па можете да очекувате неко од нив да бидат одложени, а на оние кои ќе бидат одржани можно е да не го добиете она кое го посакувате. Имате понуда за да влезете во нова авантура, но ќе размислувате дали да ја искористите. Чувствително грло.
ВОДОЛИЈА
Ова е одличен ден за јавен деловен успех особено ако работата има врска со законот или јавноста. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. На здравствено поле немате проблеми.
РИБИ
Максимално сте посветени на своите деловни обврски и успех. Денес е одличен ден за ново познанство со потенцијалниот партнер кој можете да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и силни.
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Магазин1 часИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Спорт2 денаБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Македонија13 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет13 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
