Скопје
Пријавено пукање кон лице од Скопје, додека зрната од оружјето завршиле во угостителски објект и бензинска пумпа
На 24.08.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата.
Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: МВР
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
Скопје
Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу 50 граѓани сообраќајот е пренасочен од ул.Френклин Рузвелт до бул.8ми Септември во двата правци не се одвива сообраќај, известува АМСМ.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт16 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Спорт2 денаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Временска прогноза4 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт9 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
