Кичево
Приведена кичевчанка која ја запоставила својата ќерка од родителска должност

На 24.01.2024 во 14.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиja од слобода М.С.(34) од Кичево. Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево.
По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши осветување на православниот Крст поставен на просторот кај базенот.
Овој благословен чин е израз на нашата вера, љубов кон Бога и почит кон Пресветата Мајка.
Ве повикуваме сите верници, мештани и гости да присуствувате и заедно да го споделиме овој значаен момент, во слава на Бога и чест на Пресвета Богородица.
Секој е добредојден – да се обединиме во молитва, заедништво и духовна радост.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
Кичево
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
КИЧЕВО | Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти | 12.09.2025 08:30 | 12.09.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
-
Кичево6 часа
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Музика1 ден
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Временска прогноза1 ден
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд
-
Скопје8 часа
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Временска прогноза10 часа
Следната седмица вистинска промена на времето
-
Магазин1 ден
Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате