Следете не

Автомобили

Продажбата на електрични автомобили во Франција продолжува да расте

Објавено пред

на

Пазарниот удел на целосно електрични автомобили во Франција минатата година скокна на 17 проценти. Уделот на хибридни возила меѓу автомобилите регистрирани за прв пат се зголеми на девет отсто, објави пред неколку дена француската автомобилска асоцијација PFA. Така, учеството на возилата на електричен погон изнесува 26 проценти.

Во 2022 година, уделот на електричните возила во Франција беше 22 отсто, по 18 отсто претходната година.

Генерално, продажбата на автомобили во Франција драстично порасна минатата година. Бројот на нови регистрации на патнички автомобили и комбиња е зголемен за 16,1 отсто во однос на претходната година, а на камиони за 11 отсто, објави француската новинска агенција АФП.

Со нешто помалку од 1,8 милиони, бројот на први регистрации на патнички возила и комбиња сè уште е значително под нивото од пред пандемијата „Ковид-19“, кога имаше повеќе од два милиони.

Франција нуди и субвенции за купување електрични возила во 2024 година. Вкупниот обем на финансирање изнесува 1,5 милијарди евра, што е за 200 милиони евра помалку од 2023 година, објави телевизијата Франс Инфо. Висината на субвенцијата е намалена од 5.000 на 4.000 евра за клиентите со високи примања, додека за сите останати останува на 7.000 евра. Во исто време, малку е намален бројот на модели на возила кои можат да добијат субвенција. Меѓу другото, сега ја имаат предноста и во возењето

Автомобили

BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/video/youtube

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде прикажан на саемот „IAA Mobility 2025“. Решението овозможува автономно возење на автопати, автоматско менување на ленти и поддршка при паркирање, со што се најавува следната фаза во развојот на интелигентната мобилност.

Станува збор за технологија од ниво 2+, што подразбира дека возачот и натаму мора активно да го следи сообраќајот. Платформата комбинира 360° камера перцепција, вештачка интелигенција и напредни алгоритми за анализа на сложени ситуации во сообраќајот.

Qualcomm нагласува дека безбедноста е врвен приоритет, со усогласување со глобални стандарди како ISO ASIL. Ride Pilot веќе е валидиран во 60 земји, а до 2026 година целта е присуство во повеќе од 100 пазари.

Со ова, BMW и Qualcomm се приклучуваат кон динамичната трка за автономни решенија, каде конкуренцијата од компании како NVIDIA и Mobileye станува сè поинтензивна.

Извор: Engadged

Прочитај повеќе...

Автомобили

Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Објавено пред

на

Фото: Martin Katler @ unsplash
Фото: Martin Katler @ unsplash

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.

Volkswagen Group и понатаму водечки

Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.

Stellantis стабилно на второ место

На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.

Renault и Hyundai-Kia со силен раст

На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.

Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата

BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.

Geely сè поактивен во Европа

Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.

Toyota лидер во електрификацијата

Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.

Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.

Извор: 24Sata

Прочитај повеќе...

Автомобили

Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jean-Philippe Delberghe

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.

Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.

Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.

Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.

Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.

Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.

Извор: motor1.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија6 часа

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин8 часа

iOS 26 е тука! 10 големи нови функции и три модели на iPhone без поддршка

Apple го објави iOS 26, првиот оперативен систем чиј број во името е усогласен со годината на издавање. Најновата верзија...

Скопје9 часа

(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, објави видео-снимка на која се гледа моментот кога е подметнат пожарот во сервисот за автомобили...

Свет9 часа

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во...

Временска прогноза11 часа

По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (16 септември)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Македонија1 ден

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје1 ден

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина1 ден

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

НАЈЧИТАНИ