Спорт
Професионалецот Агуши ќе биде асистент на селекторот Васко Скендеровски во македонската „А“ футсал репрезентација

За асистент селектор на А македонската футсал репрезентација е именуван Ферид Агуши. Поранешниот репрезентативец на Македонија и актуелен тренер на футсал тимот Приштина 01 ќе му биде помошник на селекторот Васко Скендеровски.
– „За мене е голема привилегија да бидам дел од стручниот штаб во најдобрата македонска футсал репрезентација. Им благодарам на Фудбалската федерација на Македонија што ми дадоа доверба да бидам дел од стручниот штаб во А селекцијата. Македонија има квалитет и силно верувам дека со голема работа и посветеност можеме да постигнеме многу повеќе како репрезентативен тим. Долги години се познаваме со сите во тимот. Верувам дека ќе имаме позитивна атмосфера за да постигнеме големи работи“, за јавноста изјави Ферид Агуши.
Ферид Агуши зад себе има над 100 одиграни натпревари со дресот на македонската репрезентација. Дебитираше во 2010 година, додека на клупски план има богата и трофејна кариера со различни клубови. Агуши е лиценциран УЕФА футсал тренер.
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево2 дена
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево18 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Временска прогноза16 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија2 дена
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза2 дена
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Скопје17 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место