Следете не

Македонија

Програмите Vavoom & Pikaboo за сите дечиња достапни на Тотал ТВ

Објавено пред

на

За сите безгрижни дечиња, Vavoom и Pikaboo програмите за деца се дел од Екстра и Премиум пакетите на Тотал ТВ. Омилената детска содржина може да ја активирате и преку ЕОН апликацијата на вашиот мобилен, компјутер или таблет.

Искористете ја најповолната месечна понуда од 249 ден. и направете ги среќни вашите малечки. Повеќе детали околу нашите понуди и содржини погледнете ги на линкот ТУКА

Македонија

Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит.

Извор: РКЕ

Прочитај повеќе...

Македонија

Целосна забрана за движење во шумите

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до  31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои  управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Објавено пред

на

ФОТО: Rodrigo Abreu @ Unsplash.com

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

  • петок од 17:00 – 22:00 часот 
  • сабота од 09:00 до 18:00 часот
  • недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

– Ограничувањето велат во соопштението за јавноста, не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Извор: АМСМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија13 минути

Од ноќеска цената на дизелот драстично паѓа, еве колку ќе биде литар дизел гориво од полноќ

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Македонија2 часа

Целосна забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Македонија2 часа

Од 1 јули до крај на месец август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на...

На денешен ден12 часа

Времеплов: На денешен ден – 27 јуни

На денешен ден 27 јуни, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (27 јуни)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија21 час

Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје 83-годишна жена пријави дека од страна на едно лице била измамена за...

На денешен ден1 ден

Времеплов: На денешен ден – 26 јуни

На денешен ден 26 јуни, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (26 јуни)

Овен Вашата загриженост може негативно да се одрази на ситуацијата на работа бидејќи на колегите им правите притисок без потреба....

Кичево2 дена

(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која...

Спорт2 дена

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата...

НАЈЧИТАНИ