Кичево
(ВИДЕО) Гордоста и сонот за прво училиште на мајчин Македонски јазик во кичевско с.Подвис оставено и заборавено во руина
Она што во далечната 1943 година било гордост и исполнување на сонот за Училиште на мајчин Македонски јазик, денес е срам за сите чинители и креатори на модерното време, затоа што се дозволи и заборави да се распадне објектот кој според сите историски гледишта и факти значи многу.
Првото училиште на македонски јазик, културно наследство на Македонија, а ситуацијата во која се наоѓа покажува каква грижа имаат институциите кон културното наследство.
Кичево е првиот Македонски град кој на 11-ти септември 1943 се ослободил од Фашистичкиот окупатор, а само 12 дена подоцна училиштетео во с.Подвис каде до тогаш наставата до тогаш се изведувала на српски јазик, почнала да се изведува на нашиот мајчин Македонски јазик
Од она што ние знаеме последно уште во 2019-та година ТУКА, ова школо беше посетено од ученици и наставници од ООУ „Гоце Делчев-Центар“, ООУ „Вера Јоциќ“-Гази Баба, ООУ „Владимир Полежиноски“ – Кичево, каде тогаш за прв пат после 60 години детскиот џагор и звукот на училишнето звонче одекна низ планината, друг некој да оддаде внимание во последно време не сме слушнале.
Инаку честа в`дамнешно време да предава знаење добил наставникот на настава Василко Ристески, кој на првиот час и на секој нареден ги поздравувал учениците со поздравот „Смрт на фашизмот“ а учесници му враќале „Слобода на народот“
Повеќе погледнете во продолжение преку официјалниот и одличен прилог на Сител Телевизија, каде соговорници беа кичевчаните г-дин Бране Гаврилоски наставник по математика, каде неговите блиски учеле во ова училиште, како и г-дин Иво Најдески – Историчар.
Извор/Видео: Сител ТВ
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
Кичево
На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари (петок) со почеток од 18:00ч, до 10-ти јануари (сабота) со исклучок на 6-ти и 7-ми бидејќи тие денови се нашите најголеми празници.
И оваа година покрај најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, ќе имаме одлична програма и многу забава.
За возрасните штандот ќе биде збогатен со греана ракија, вино, пиво, апетисани, кафе и топол природен чај, масата ќе ја красат најразновидните слатки производи, како и посебен штанд со познатите вкусни палачинки.

Ланскиот Божиќен Базар 2025 година
Оваа година на програмата се организира повторно богата лотарија за возрасните, но и за дечињата. Ученици ќе презентираат слики на платно и креативни arts and crafts, ќе се презентираат декоративни свеќи, голем избор на рачно изработени накит и женски чанти.
За сите дечиња присутен ќе биде Дедо 🎅 Мраз од Лапонија :), додека благодарение на спонзорите, ќе имаме „пакетчиња за сите дечиња“. Маскоти, за голема радост на дечињата ќе имаме и Рингишпил, како една од најголемите атракции минатите години.
За Божиќ, односно на 8-ми до 10-ти односно до самиот крај, на богатата трпеза ќе биде застапена највкусната скара. На музичкиот подиум и оваа година ексклузивно ќе бидат домашните кичевски бендови и пејачи од нашето поднебје, Културно уметничките друштва и останато.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993 заклучно со 10-ти декември 2025. После тој датум ја заклучуваме конечната агенда.
-
Кичево21 час„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт2 дена(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт1 ден(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Македонија16 часаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Хороскоп7 часаХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Здравје и убавина1 денАко ви недостасуваат протеини, овие намирници се вистинското решение за вас
