Кичево
Разнолик музички подиум во Клуб Република 96250

Овој викенд клуб Република 96250 со одлична музичка програма.
Петокот го резервираме за уживачите на електронката музика диригирана од нашиот Dj Milan.

Додека пак саботната вечер ја посветуваме на Rock’n’Roll музиката предводена од The Hounds.
Двата настани се со почеток од 22 часот.
Резервирајте го вашето место и уживајте во добрата музика.
Резервации на тел: 078 322 615
Кичево
ЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите на Регионалните центри за управување со кризи интервенираа на повеќе критични локации низ државата.
На подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита.
Поради ерозијата на патот кон Пелистер и кај с. Цапари, предложено е привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на сообраќајот по патот А-3.
Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но нема излевања. Најризичен е делот кај ул. Прилепска во Кичево, каде е побарана општинска интервенција. Во Охрид се интервенира по пријавено поплавување на подруми во населбата Железничка, предизвикано од диво ископани канали.
Во Куманово, реката Пчиња накратко излезе од коритото кај Пелинце – Стрновац, без нанесена штета. Мостовите во Коинце и Пелинце се расчистуваат од насобрани дрва и отпад, без констатирана опасност по нивната стабилност.
На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ беше регистриран голем одрон, поради кој сообраќајот беше во прекин. Патот е расчистен по една лента, а во тек се активности за целосно обезбедување на трасата, известуваат од ЦУК.
Кичево
„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево, организира хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево. Во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на 29.11.2025 година (сабота) со почеток од 19:00 часот.
Картите за концертот чинат симболични 200 денари, пуштени се во пред продажба и може да си резервирате карта на броевите: 071/327-117 или 078/322-028, а истите ќе се продаваат и на билетарата на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево на денот на одржување на хуманитарниот концерт.
– Средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект во реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Концертот ќе биде збогатен со оро и родољубиви песни, а ќе настапуваат културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, кои ќе бидат гости на овој концерт, а во музичка придружба на група ЕТНУМ:
КУД Бисер Кичево
КУД Нико Пусоски Кичево
КУД Младост Кичево
КУД Кочо Рацин Кичево
Христијан Трајаноски
Дарко Стојаноски
Методија Столески
Софија Пуровска
Анастасиа Митровска
Мирослав Мирчески
Михајло Данилоски
Лука Лазарески
Христијан Тришоски
Од патриотското здружение повикуваат: Дојдете и заедно да им ги посреќиме новогодишните и Божикни празници, на оние, на кои сме им најпотребни. Хуманоста е највисокиот степен на родољубие.
Исто така преку нашиот медиум, истакнуваат особена благодарност до градоначалникот на општина Кичево Д-р Александар Јованоски, како и до директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ г-дин Мазлам Османи за поддршката на овој значаен проект за здружението и кичевчани.
Кичево
(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на должина од околу 800 метри на ул. „Тренко Тасески“ што би рекле во длабоко заборавената населба „Иванидол“. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.
Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.
– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.
За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА
-
Магазин15 часаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (19 ноември)
-
Кичево3 часаЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп14 часаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево19 часа„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Спорт2 денаМакедонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
-
Македонија1 денМВР: Откриена група на крадци и помагачи кои краделе предмети во рудникот Бучим
-
Временска прогноза1 денДожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата

