Македонија
РЦ Запад и Капетанија викендов спроведоа засилени акциски мерки согласно законот за внатрешна пловидба

Викендов (05/06/07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба.
Притоа, во водите на Охридското езеро, кај 13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што: три лица се затекнати при управување скутер за време на забрана, евидентирани се седум случаи на управување на пловен објект без пловидбена дозвола, како и пет случаи на управување без стекнато уверение за управување пловило.
Исто така, алкотестирани се вкупно 16 лица и кај 7 лица е утврдено присуство на алкохол во крвта.
Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран

На 2 и на 3 октовмври (четврток и петок) територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен и многу поладен воздушен бран кој доаѓа од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Токму ова ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд , засилен ветер од северен правец и исклучително ладно време за самиот почеток на месец октомври. Температурите ќе бидат потпросечни дури и за околу 15 степени, што е премногу и е огромна негативна температурна аномалија.
Поради продорот на овој многу поладен бран на повисоките и на планинските места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата снежна покривка за оваа сезона. На планините локално ќе се формира снежна покривка која ќе биде посериозна (над 30 сантиметри снег).
– Не се исклучува можноста овој многу поладен и влажен бран да го донесе првиот снег за оваа сезона и на помала надморска височина (под 1000 метри) со што појава на снег има услови да има и во дел од повисоките градови особено во западните и во северните предели од Македонија. Тоа значи дека превој „Стража“ кој е на нмв. од 1200м да не биде чудно и да изненади снег.
Температурите во овие два дена ќе бидат исклучително ниски и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени. На планинските места очекувам и негативни температури и појава на мраз, извести Славчо Попоски. Неговото директно вклучување може да го проследите ТУКА
Македонија
Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија.
Со тоа, пријавените на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга и направиле штета од 1.377.911 денари, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Македонија
Приведен возач од Пробиштип, управувал возило со 185 км/ч на место каде е дозволено 110 км/ч

На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, истакна МВР.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (30 септември)
-
Кичево10 часа
ОВР Кичево поднесе кривична за велешанец кој бил сопрен превезувајќи огревно дрво со лажна испратница издадена од правно лице
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег
-
Македонија14 часа
Попоски со предупредување за снег на местата до 1000 нмв, веќе од 2 октомври нашата територија влегува во ладен зимски бран
-
Магазин2 дена
Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови
-
Lifestyle2 дена
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето
-
Магазин2 дена
Google Play станува поперсонализиран