Спорт
Регионалниот технички консултант на ФИФА Каролин Браун во посета на ФФМ
Мината недела регионалниот технички консултант на ФИФА, Каролин Браун ја посети Фудбалската Федерација на Македонија. Разговарано беше за целите согласно стратешкиот план на ФФМ, а во насока на партиципацијата, развојот на таленти, фудбалските академии на ФФМ, грасрут активностите, развојот на женскиот фудбал, тренерските кадри.
Во рамки на неколкудневната посета Браун имаше можност да оствари средби и консултации со техничкиот директор на федерацијата Зоран Стратев, со менаџерот на сектор фудбал Жарко Игњатовски, како и со генералниот секретар Филип Поповски.
Сметаме дека поддршката од ФИФА од страна на фудбалски експерти и размената на искуства е секогаш добре дојдена. Тоа ќе ни помогне во подобрување на процесите особено во делот на развојот на тренерите, идентификација на талентите при селективните настани, подобрување на раководењето со академиите. – Жарко Игњатовски, менаџер на сектор фудбал на ФФМ.
Посетата вклучуваше консултации и работни средби и со одговорните за развој на женски фудбал, тренерска едукација и грасрут.
Имавме можност да дознаеме повеќе за одредени области во кои што можеме да направиме видлив напредок. Сметам дека младинскиот фудбал, грасрутот и развојот на женскиот фудбал во моментот се наши приоритети за нивно подобрување и зајакнување. Се пријавивме и да учестувавме како пилот асоцијација во истражувањето на ФИФА за развој на аматерскиот фудбал. Драго ни е што ни е дадена можноста да бидеме дел од овие активности на ФИФА. – Зоран Стратев, Технички директор на ФФМ
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
