Кичево
„Република 96250“ со богата музичка викенд програма + Beer Pong Night
И овој викенд програмата во „Република 96250“ ќе биде исполнета со многу нова музика од различни жанрови. Од онаа на познатите домашни и странски музичари, па се до звуците на најголемите хитови на живиот настап на еден од најголемите домашни кавер бендови.
Најпрвин во петок, 25 Март 2022, присутните ќе може да се забавуваат со забавна македонска музика, со почеток во 21:00h.
Саботата ја резервираме за охридскиот хард-рок состав „The Backdoor Band“ со почеток во 21:30h
Недела, уживајте со денска unplugged забава предводена од Halfgod со почеток во 14:00h.
Недела, повелете измерете ги силите на вашиот тим во BeerPong🍺
Информации и пријавување на:
Награда за прво и второ место: Ваучер за храна и пијалоци во Република 96250
Резервации на тел: 078 322 615
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин13 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Хороскоп2 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин13 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин13 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин13 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон

