Следете не

Кичево

Ресторан „La Casa“ за прв пат покрај базен, уште едно ново урбано место кое ќе го краси градот Кичево

Објавено пред

на

Вчера официјално стартуваше со работа новиот ресторан „La Casa“ со капацитет за 140 гости. Во прекрасен пред се летен амбиент во уникатната свежина покрај базен од 08:00 часот до 12:00 часот на вечер ви стои на располагање.

„La Casa“ се наоѓа на излезот на градот Кичево потточно на локацијата од безвременската кичевска „Стара Централа“. Од персоналот ве покануваат на вкусно мени, голем избор на пијалоци, а жешкото лето го најавуваат со многу дружење, свирки во живо и многу забава.

Кичево

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

Објавено пред

на

©porta.mk

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се ангажираа да го реобноват ова детско катче, денес и официјално беше пуштено во употреба.

Како што изјавија, поставена е нова табла со обрач за баскет, нови клупи, зеленилото е покосено и засадени се нови дрвца, а за најмалите се поставени и нишалки.

Упатуваме честитки, затоа што апелот кој беше упатен до сите, само едни излегоа во пресрет, за таа цел ни испратија и фотографии од реконструкцијата на ова значајно место за најмладите. Претходно во 2019-та година, значаен проект пофаливме ТУКА за битолската раскрсница, затоа што и таа е од значаен сообраќаен аспект.

Прочитај повеќе...

Кичево

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Објавено пред

на

@porta.mk

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа „Велигденски хепенинг“.

Многу радост, среќа и вистинска пред празнична позитивна енергија.

Среќни сме што оваа година за прв пат го организираме Велигденскиот хепенинг, каде дечињата од нашата градинка во соработка со нивните родители истакнаа најразновидни украси, корпи со традиционални Велигденски јајца. Се надеваме дека овој Хепенинг ќе прерасне во традиција за најголемиот христијански празник Велигден. Воедно јас како иницијатор и организатор упатувам благодарност до сите колеги и родители за можноста во целост овој настан да изгледа модерно и успешно, за Порта.мк истакна Ирена Китаноска, вработена во ЈОУДГ „Олга Мицеска“

Галерија од денешниот настан:

Прочитај повеќе...

Кичево

Хуманитарен турнир во мал фудбал, сала „Христо Узунов“, населба Иванидол во организација на кичевскиот Црвен Крст

Објавено пред

на

©porta.mk

Хуманитарниот турнир во футсал ќе се одржи  29.04.2024 понеделник во спортската сала „Христо Узунов“, нас. Иванидол со почеток од 12 часот. Имено, екипите можат да земат свое учество 15 до 20 минути пред почетокот на турнирот.

Натпреварите ќе се одвиваат на следниов начин:

•две полувремиња по 15 минути
•полувреме 5 минути
•екипата која ќе биде поразена, нема право на повеќе игра
•фер-плеј игра

Фудбалскиот турнир е во организација на Црвен Крст од Кичево и има хуманитарен карактер, односно со вашиот влез кој ќе чини 50 денари. Бидете дел и дадете свој хуманитарен допринос.

Повеќе информации на нивниот инстаграм профил ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 минути

Кина започна нова мисија на темната страна на Месечината

Кина започна нова мисија на далечната „темна страна“ на Месечината, прва од трите планирани мисии во наредните години со цел...

Магазин7 минути

Steam ќе престане со рефундирање ако играте два часа пред датумот на објавување на играта

Пред осум години, Valve почна да нуди поврат на средства без прашања за која било игра што ја купувате на...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за сабота (4 мај)

ОВЕН Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете...

Култура23 часа

Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Технологија23 часа

Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..

Она што некогаш беше резервирано за филмските екрани сега е во нашите џебови, означувајќи го неговото присуство на уредите од...

Спорт23 часа

Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“

Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30....

Скопје1 ден

Следните делници во Скопје за утре ќе имаат посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (3 мај)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Автомобили2 дена

(ФОТО) Официјално најавена Kia „EV6“

Kia подготвува модернизирана верзија на EV6, три години по дебито на овој целосно електричен модел. Официјалното претставување во Јужна Кореја...

Кичево2 дена

(ФОТО) Игралиштето во населба „Девеана“ од денес повторно блесна со ново осветлување и клупи

На барање на граѓаните кои живеат таму и со помош на општинскиот комитет на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои единствени се...

НАЈЧИТАНИ