Кичево
„Рурална Коалиција“ го уреди дворскиот простор за играње на дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира локалната заедница овој пат за најмалите членови на заедницата. Имено, во период од 3 месеци активно се работеше на уредување на надворешниот простор за игра на децата од градинката „Олга Мицеска“ во Кичево, а на предлог на неформална група на граѓани која што ја предводеше токму директорот на градинката, г-дин Садик Ахмети.
– Тој имено напомена дека е повеќе и од важно да се мотивира локалното население и да се активира, а се со цел да придонесе кон зголемување на квалитетот на живот во заедницата затоа што промените треба да дојдат токму од кај нас самите односно граѓаните. Воедно тој ја изрази својата благодарност до Рурална Коалиција и програмата на Цивика Мобилитас за поддршката и придонесот во уредувањето на дворот на градинката со набавка на лизгалка, детски играчки и придонес кон уредување на надворешното окружување во кое што децата ја поминуваат својата игра.
Лилјана Јоноски, пак, извршната директорка на Рурална Коалиција истакна дека ваквите иницијативи на локално ниво ни се и повеќе од потребни затоа што оставаат добар пример, но во исто време и ги мотивира и останатите заедници да се активираат и да придонесат за подобрување на квалитетот на живот во локалната заедница затоа што пак промените се можни само ако самите ги донесеме што е и основното мото на програмата на Цивика Мобилитас, односно „Граѓаните за промена“.
– Таа додаде дека поддршката исто така и од страна на донаторите во нашата земја е повеќе и од потребна особено кога се прават вакви акции кои што ги поттикнуваат самите граѓани и кога особено се однесуваат за оние на кои што ја оставаме иднината, ама и кои што се обидуваме да ги задржиме во локалната заедница, а тоа се децата.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

Кичево
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот меморијален планинарски марш на планината Голјак закажан за 20 јули 2025 г. (недела)
Голјак е средновисока планина која се наоѓа во Кичевскиот Регион и ги раздвојува селата на Копачијата и селата на Бржданска (Беличка) Река, дел од масивот на Илинска и Плакенска Планина. Веливрв e највисокиот врв на оваа планина, којшто со своите 1535 метри надморска височина пружа одличен поглед на Кичевската Котлина и масивот Челоица-Песјак на исток, Баба Сач, Бушева
Планина и Лубен на југоисток, Илинска на југ, Стогово на запад, Бистра на север.
Акцијата започнува од с. Брждани, движењето се одвива по маркирана планинарска патека, која поминува низ дабова и букова шума.
Должина на патеката: 7 км (враќањето се одвива по истата патека, вкупна должината на патеката во двата правца изнесува 14 км)
Висинска разлика: 680 метри.
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце, планинарски стапчиња.
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (минимум).
*На патеката на едно место има извор на вода, меѓутоа во летниот период можно е да биде пресушен.
ПРОГРАМА
06:30 ч. – собирање на учесниците во Горно Брждани (кај црквата)
06:45 ч. – старт на акцијата
09:00 ч. – пристигнување на групата кај шумската куќарка на Преслоп (1270 м.н.в.), пауза 20 мин.
09:30 ч. – поаѓање кон врвот (со попатни одмори)
11:00 ч. – пристигнување на Веливрв (1535 м.н.в.)
12:00 ч. – поаѓање за назад
15:00 ч. – пристигнување во Горно Брждани и заеднички ручек
ВАЖНО:
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО до 16 јули 2025 (среда) со име и презиме и ЕМБГ или број на лична карта за навремено добивање дозвола за движење во шума до подрачната единица на Национални шуми.
Поради забраната за движење во шума секој непријавен, а затекнат на планина сам ја сноси одговорноста.
Лицата од планинарските клубови да достават список на учесници:
Планинарско друштво/клуб: ______________________________________________
Име и презиме / ЕМБГ /
1.
2.
3.
Датум М.П. Планинарско друштво
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
Лица за контакт:
Давор 075 668 501
Мирослав 071 511 702
Зоки 077 495 232
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Проследете го нивниот фејсбук настан ТУКА
/ПР – Ендорфин
Кичево
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, за Порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево14 часа
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника17 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Македонија12 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет8 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!