Кичево
РиД Електроника Кичево вработува „Електро-Инсталатер / Монтер“

Нашите партнери од РиД Електроника – Кичево кои се главни застапници на Тотал ТВ распишуваат оглас за работник кој ќе биде со редовен работен однос на позиција „Електро-Инсталатер / Монтер“.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола „Б“ категорија
- Познавање во областа на „Електро-техниката“
- Познавање на „MS Word/Excel“
Личен профил:
Способност за индивидуална и тимска работа, одговорност, дисциплинираност, професионален однос кон работата.
За повеќе информации контактирајте на 070/855-540 | [email protected]
Кичево
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.
– Попоски за Порта.мк дополнително ексклузивно, изјави дека временската најава за дестабилизација на метео атмосферата ќе ја има, но во пресрет на вечерашниот концерт во кичевскиот регион од 20 часот па натаму, полека ќе се намалува нестабилноста и условите за врнежи ќе бидат помали, што значи нè очекува спектакуларен концерт!
Повелете, повеќе информации ТУКА
Кичево
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде ТППЕ Кичево со екипа од шест пожарникари интервенирале. Од извори на терен, спречена била поголема хаварија, поради ветерот кој дополнително создавал проблеми и пожарот се ширел брзо, а стигнал речиси до живеалиштата.
– ТППЕ Кичево преку нашиот медиум уште еднаш апелираат до сите граѓани, за разбирање и свест околу проблемот со пожарите. Еден мал отпушок може да биде фатален, воедно да се почитуваат препораките и да не се движат по шумските предели.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна органзација, „Манастир Пречиста-Кичевска Коњаница“ иако со закаснување поради оправдани причини, односно пристигнаа покасно, денес секако дека беше вистинска атракција во центарот на град Кичево, каде пристигнаа пред портите на нашиот храм, заштитник на град Кичево , Св.Апостоли Петар и Павле.
И оваа година најмладите најмногу им се израдуваа на учесниците облечени во комитски носии и нивната коњаница, предводена од Орце Богданоски кој за прв пат неговата желба стана реалност да биде учесник, но и Војвода.
Вечерва збиднувањето ќе биде во с.Козица, каде е предвидена централна прослава со жива музика.
Честитки, нека е вечна традицијата.
Галерија преку нашиот објектив:
-
Кичево20 часа
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (30 јули)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (31 јули)
-
Кичево3 часа
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!
-
Спорт21 час
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“