Спорт
Ристовски: „Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот со Англија“
Во пресрет на денешниот меч квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Англија и македонија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, прес – конференција вчера одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите.
Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели.
Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал“.

Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација:
„Ретко е за Македонија да игра вакви натпревари, на вакви стадиони. Самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација, туку да излезеш и да покажеш она кое го поседуваш. Ние сме очигледно таква екипа, која игра големи натпревари и сака да прави чуда. Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот.
Сите играчи имаат големи натпреварувања и лиги. Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направиме“.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза1 денНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево19 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево20 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
