Кичево
„Рурална Коалиција“ денес во „Хотел Кичево“ организира јавна дебата „Како до отпорна и одржлива локална заедница во услови на криза?“
Денес 25.10.2023 со почеток од 12:00ч во „Хотел Кичево“ – „Рурална Коалиција“ организира јавна дебата „Како до одржлива и отпорна локална заедница во услови на криза“. Дали општините направија доволно, дали ни е доволно земјоделското производство, дали субвенциите беа доволни и правилно насочени, што се случуваше со локалниот бизнис сектор ќе бидат само дел од прашањата на кои што ќе се обидеме да дадеме одговор на дебатата, но и да дефинираме препораки кои што во иднина треба да го зголемат отпорот кон идните кризи на локалните заедници, но и да ги направат поодржливи, велат во соопштението за јавноста од „Рурална Коалиција“
– Општините одвоиле само 5% од нивните годишни буџети во текот на 2022 и 2023 година за да се справат со последиците од енергетската, економската и кризата со храна. Мерките и програмите кај најголем дел од општините: Штип, Прилеп, Битола, Кичево, Пласница, Ресен, Охрид остануваат идентични во 2022 и 2023 година, а најмногу се вложува во надминувањето на енергетската криза која што и најмногу ги зафати општините со високите сметки за струја во текот на зимата 2022 година.
Позначаен одговор на енергетската криза дава општина Пласница која што во 2022 година речиси и да немала предвидено буџет за енергетска ефикасност, но затоа пак во 2023 година предвидува цели 1.200.000 денари за реконструкција на јавни објекти во енергетски ефикасни, како и во градење на водоводна мрежа, што пак во проценти зафаќа дури 37,25% од вкупниот буџет на општината. Општина Охрид исто така најмногу од антикризниот буџет, односно дури 99% вложува во справувањето со енергетската криза, додека пак кога говориме за кризата со храна и социјалната заштита тука општините имаат издвоено најмалку односно 5-6% освен Битола и Ресен со повеќе од 15% и Прилеп со 11.7%
Она што пак е интересно да се спомене е дека од анализираните општини во Југозападниот плански регион единствено само општина Охрид воведува специфични мерки како субвенционирање на сметките за комунални услуги, но и субвенционирање на услугите во руралните средини што пак е насочено кон унапредување на развојот на руралните средини и зголемување на производството на храна на локално ниво.
За справување со кризите општините имаат направено по минимум 2 ребаланси на буџетите со што најмногу се крати од капиталните инвестиции кое што е најизразено во општина Кичево од дури 30%. Најмногу последиците од кризата се чувствуваат во секторот земјоделство и градежништво каде што зголемувањето на трошоците на репроматеријалите и суровините оди дури и до 50% кои што пак зголемувања се вметнуваат во крајните производи, а тоа е и една од причините зошто сите јадеме поскапа храна.
Повеќе одговори и дискусија околу проблемите на јавната дебата, инаку, јавната дебата е организирана како дел од проектот „Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет“, поддржан од Владата на Швајцарија преку „Цивика Мобилитас“ информираат од „Рурална Коалиција“
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп15 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
