Следете не

Свет

Русија сака да регистрира вакцина против корона за животни

Објавено пред

на

Руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Роселхознадзор“ испрати документи до Унгарија и Тајланд за регистрација на руската вакцина за животни против ковид 19, изјави шефот на Роселхозназнадор, Сергеј Данкверт, во интервју за агенцијата ТАСС.

“Ние веќе го формиравме и испративме досието за регистрација во Унгарија и Тајланд. Унгарија, на пример, ја разгледува можноста за регистрација на вакцини за кучиња”, рече Данкверт.

Според него, вакцината ќе биде побарувачка во земјите од Југоисточна Азија, „бидејќи има многу фарми каде луѓето сакаат да ги заштитат своите животни“.

Како што е соопштено, во тек се преговори за регистрација на вакцини со 17 земји.

Тој исто така рече дека многу земји, вклучително и европските, покажуваат интерес за вакцината и дека Русија не сака да ги надува цените, но тие се „сведени на минимум“.

Тој објасни дека цените ќе зависат од условите за испорака и превоз.

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за петок (8 август)

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им...

Македонија10 часа

РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, Регионалниот центар Запад, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, ПО...

Македонија14 часа

МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело...

Автомобили18 часа

Ford открива повеќе за новите буџетски возила

Најавата доаѓа со големи очекувања • Ford ќе открие повеќе информации за своите претстојни евтини електрични возила на настан што...

Lifestyle18 часа

Пет додатоци во исхраната што никогаш не треба да ги земате со кафе

Навиката со утринското кафе може да ја намали ефикасноста на суплементите За многу луѓе, денот не може да започне без...

Автомобили18 часа

Mercedes G-класата собори рекорд: произведен 600.000 примерок

Легендата продолжува Веќе 46 години, Mercedes-Benz G-класата е симбол на луксуз, моќ и трајност. Позната по својот карактеристичен „кубен“ дизајн...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (7 август)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Спорт2 дена

Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи...

Македонија2 дена

МВР најстрого ќе го санкционира говорот на омраза, само за спортското навивање има место на трибините

Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски...

Скопје2 дена

Поради недоразбирање во сообраќај кај Бит Пазар, физички се пресметале, едниот пукал со огнено оружје

На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај...

НАЈЧИТАНИ