Следете не

Автомобили

Руската „Лада“ освојува нов производствен пазар, ќе се произведува во Етиопија

Објавено пред

на

Рускиот автомобил Лада ќе се произведува во Етиопија, објави руската Федерална агенција за користење земјиште Роснедра по состанокот на руско-етиопскиот бизнис форум и меѓувладината комисија.

Договорот за производство на Лада во Етиопија го потпишаа руската компанија Лада експорт, извозен партнер на концернот „Автоваз“ и компанијата „Етио инженеринг груп“ од Етиопија, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и директорот на Роснедра, Евгениј. Петров, пренесува Комерсант.

Во 2023 година, Автоваз неколку пати го прилагодуваше планот за продажба на Лада во странство.

Во јануари планирал да извезе околу 30.000 автомобили за 12 месеци, а еден месец потоа директорот на Автоваз Максим Соколов изјавил дека компанијата ќе испорача 20.000 возила во други земји за една година.

Во текот на летото, прогнозата за извозот на Лада во 2023 година дополнително беше корегирана надолу, на 10.000 – 15.000 автомобили, истакнаа од vesti-online.com

Автомобили

Audi оживеа луд проект од 1930-тите. Возачот е во средината (ФОТО)

Објавено пред

на

Доколку се произведува во своето време, Auto Union Type 52 несомнено би бил најбрзиот автомобил на планетата.

Audi сега го оживеа и го донесе на фестивалот на брзина во Goodwood. Schnellsportwagen требаше да биде друмска верзија на тркачкиот автомобил Type 22 Grand Prix. Би го придвижувал V16 мотор со 200 КС, и проектирана максимална брзина од 200 km/h. За жал, во зората на Втората светска војна, проектот беше напуштен некаде во 1935 година и оставен во фиока, каде што остана до минатата година.

Audi најпрво ја ангажираше специјализираната компанија Crosthwaite & Gardner да ја изгради каросеријата, а потоа и сите механички компоненти, врз основа на достапните нацрти. Работата траела цела година, а автомобилот е речиси идентичен со оригиналот од пред 70 години.

Единствена забележлива разлика е централно поставениот V16 мотор со претходно полнење, кој наместо оригиналниот 4.4 сега има зафатнина од 6 литри. Моќта беше зголемена од 200 на дури 520 КС. Нема сомнеж, тип 52 е секако најспектакуларното Audi во последните неколку децении.

Можете дури и да седите во него како McLaren – простор за тројца среќници, а возачот е во средината. Во исто време, овој автомобил не е мал: има должина од 5390 mm, ширина само 1780 mm и висок 1660 mm. Вкупната маса на автомобилот е 1450 кг.

/index

Прочитај повеќе...

Автомобили

Претставен новиот „Model 3“ на Tesla: Има подолг опсег и погон на задните тркала

Објавено пред

на

Tesla ја претстави новата верзија на Model 3 со погон на задните тркала и подолг опсег. Засега таа верзија на автомобилот е достапна само во САД и Порторико. На пазарот има уште три верзии од претходно – со погон на задните тркала, со подолг опсег и погон на четири тркала, како и со погон на четири тркала и одлични перформанси.

Цената на новата верзија во Америка е 42.490 долари. Кога купуваат ново електрично возило, американските купувачи можат да заштедат дополнителни 7.500 долари годишни даночни кредити.

Моделот 3 се произведува во Кина, а кога веќе зборуваме, Ројтерс објави дека Тесла ги зголеми цените на моделот 3 за околу 1.500 евра откако ЕУ воведе тарифи за електричните возила произведени во оваа земја.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Автомобили

И автомобилите страдаат во екстремно жешко време, еве неколку потенцијални опасности што може топлината да ги предизвика

Објавено пред

на

Додека повеќето од нас се фокусираат на системите за ладење, малкумина размислуваат за потенцијалните опасности што топлината може да ги предизвика на автомобилот. Летните денови носат сонце и високи температури кои можат да претставуваат опасност за вашето возило.

Експертите предупредуваат дека екстремната топлина може да доведе до проблеми како што се:

Пневматици

Гумите под топлински притисок буквално можат да експлодираат при големи брзини, што доведува до опасни ситуации на патот. Високите температури може да предизвикаат оштетување на батеријата, односно акумулаторот на возилото, што може да доведе до несакани дефекти или дури и пожари.

Проблеми со сопирачките
Зголемувањето на температурата може да влијае на перформансите на системот за сопирање, намалувајќи ја ефикасноста на сопирањето и зголемувајќи го ризикот од судар.

Деловите на моторот може да бидат подложни на деформација или оштетување поради екстремни температури, што може да доведе до скапи поправки.

Ризик од пожар
Комбинацијата на висока температура и одредени хемикалии или материјали во возилото може да го зголеми ризикот од пожар, особено ако возилото е оставено на сонце без вентилација.

Извор: alo.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Audi оживеа луд проект од 1930-тите. Возачот е во средината (ФОТО)

Доколку се произведува во своето време, Auto Union Type 52 несомнено би бил најбрзиот автомобил на планетата. Audi сега го...

Lifestyle2 часа

Што ако ве убоди медуза? Мора брзо да реагирате

Уживањето во сонцето и пливањето може да го расипе медуза. Ако се случи да изгорите од медуза, треба да ги...

Магазин3 часа

OpenAI подготвува уште понапреден AI: Еве што може да направи

Тајниот проект го носи кодното име „Strawberry“. Новиот извештај на Ројтерс тврди дека OpenAI развива технологија која ќе донесе напредни...

Lifestyle3 часа

Ова ќе му се случи на вашето тело ако јадете многу праски

oВо екот на тропските денови, луѓето често се дехидрираат, а совршено овошје за тоа е праската. Храната богата со витамин...

Магазин3 часа

Instagram нема да се фокусира на долги содржини

Instagram планира да се држи до кратки видео содржини. Шефот на Instagram најави дека платформата нема да се фокусира на...

Магазин3 часа

Новите Pixel телефони чинат исто колку и iPhone

Google ќе го одржи својот настан на 13 август, каде што се очекува да ја претстави серијата на паметни телефони...

Магазин3 часа

Snapchat ги подобрува безбедносните функции

Snapchat повторно ги зајакнува своите безбедносни функции за да им отежне на странците да контактираат со тинејџерите на апликацијата. Компанијата...

Магазин3 часа

Samsung е првиот технолошки гигант кој лансираше паметен прстен

Дали паметниот прстен ќе цвета со Samsung? Samsung се надева дека ќе ги привлече љубителите на фитнесот и технологијата за...

Магазин3 часа

Не правете го ова додека го полните телефонот

Иако полнењето на паметен телефон е дел од секојдневната рутина за огромното мнозинство луѓе, многумина сè уште прават грешки кои...

Македонија4 часа

ЦУК со информација за пожарите на отворено

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се...

НАЈЧИТАНИ