Следете не

Спорт

Сагата за Ѓоковиќ продолжува, австралискиот министер Хокс размислува за нов притвор за имигранти и укинување на визата

Објавено пред

на

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби виза за влез во Австралија, а потоа на суд ги победи локалните власти кои се обидоа да му ја одземат, а се уште не е сигурен дека ќе игра, иако претходните денови напорно тренираше за Австралија опен, Новак Ѓоковиќ се соочува со нови проблеми.

Според медиумите од Австралија, министерот Алекс Хокс повторно размислува за укинување на визата за најдобриот српски спортист, со што повторно доаѓа процесот што го следевме претходните денови. Новак како што се наведува од изворот би одел во притвор за имигранти, па на суд.

Детали од новите информации од Мелбурн пренесува добро информираниот локален новинар Пол Сакал, човек кој имал неколку ексклузивци за време на сагата за Ѓоковиќ.

Тој тврди дека министерот се уште не донел одлука за Новак и дека тоа може да се совпадне со времето во кое е планирана ждрепката за Австралија опен.

Не се знае како ќе изгледа, но засега знаеме дека ждрепката за првиот Грен слем сезонава е закажана за 05:00 часот по наше време. Новак Ѓоковиќ е бранител на трофејот, најдобриот рекет на светот и прв носител на турнирот, па не треба да се каже колку би било скандалозно доколку Австралија опен го стави во ждрепката, а австралиските власти му забранија тој да учествува.

Сакал додава дека адвокатскиот тим на Ѓоковиќ ќе поднесе нова жалба доколку најдобриот тенисер на светот биде приведен, што би било негова последна шанса да учествува на турнирот. Но, доколку судот не можеше да се организира во петок во текот на денот, целиот случај би се одложил за понеделник, а со тоа ќе му се создаде нов проблем на Новак.

Ќе мора да помине уште три дена во сместување за имигранти, без слобода да тренира и да се подготвува за тениски турнир.

Што се однесува до ждребката, таа на само 18 минути по објавувањето на видео преносот, одлучено е да не се одржи. Имено, како што јавуваат новинарите, ждрепката е одложена на неодредено време, зошто.. се уште не е познато.

ФОТО: Lakshya Chopra
Извор: Mondo Sport Serbia

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.

Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.

Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.

Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.

Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.

Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.

Честито Ноле!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево4 часа

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево5 часа

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

Македонија6 часа

Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место...

Македонија6 часа

МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот...

Хроника1 ден

МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест...

Кичево2 дена

Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во...

НАЈЧИТАНИ