Спорт
Сантош: „Ја очекувавме Италија за противник но, тие пристигнаа таму и победија, мора да имате квалитет за да го направите тоа!“
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, на официјалната прес конференција истакна дека многупати предупредил дека репрезентацијата на Македонија може да ја шокира Италија и испадна дека тој бил во право кога вчера се случи тоа во Палермо, односно повеќекратниот европски првак загуби со 1-0 во полуфиналето од плејофот од квалификациите за Светското првенство.
Македонија во вторник ќе игра со Португалците во Порто, откако Португалија ја победи Турција со 3-1, додека од победниците ќе се пласираат на Светското првенство во Катар годинава.
– „Ние треба да покажеме иста почит кон Македонија како и кон Италија“, рече Сантос на прес-конференција. „Кажав пред да ги играме, тие натпревари не се воопшто шега, тоа е како финале и се може да се случи. Мора да се соочиш со фокусот и концентрацијата што ја заслужуваш. Тим кој оди во Италија и ги победи На европскиот шампион не му треба вовед“.
Што се однесува до Португалија, таа преживеа нервозно финале за да се доближи до Светското првенство, со тоа што Турчинот Бурак Јилмаз промаши пенал што можеше да изнуди продолженија во натпреварот во кој доминираа пред распродадениот стадион Драгао.
Поведувајќи со 2-0, Португалија ги пушти противниците да се вратат во мечот на нервирање на својот тренер.
„Денешниот натпревар заврши и мораме да се фокусираме на следниот ривал кој сигурно ќе ни ја даде играта на нивните животи. Ќе ни треба дополнителен фокус играјќи дома пред нашата публика. Мотивацијата треба да биде нашата главна цел – Да се оди на Светско првенство“.
Откако ги пропушти автоматските квалификации во ноември, Португалија очекуваше да се соочи со Италија во пресметката на двата последни европски шампиони.
„Не можеме да мислиме дека ќе биде лесно против Македонците“, изјави Матеус Нунес на новинарите по постигнувањето на третиот гол на Португалија против Турција.
– „Сега мораме да се одмориме и да работиме на планот за игра. Тоа е тим кој ја заслужува сета наша почит. Тие долетаа во Италија и победија, мора да имате квалитет за да го постигнете тоа“.
ФОТО: printscreen/facebook video
Извор: Ројтерс
Спорт
Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00 часот, на стадион „Силекс“ во Кратово ќе се одигра мошне квалитетен дуел помеѓу ФК Силекс и ФК Шкупи 1927.
Судиската екипа за овој натпревар ќе ја предводи кичевчанецот Марјан Стојановски, кој ќе ја има главната судиска должност, додека негов помошник на линијата ќе биде неговиот сограѓанин, исто така искусниот Давор Цветаноски. Втор помошен судија ќе биде Мартин Петковски од Куманово, а како четврт судија е назначен Ндерим Тефику, исто така од Куманово.
Системот за видео-помош на судиите (ВАР) ќе го раководи Пларент Салихи од Тетово, со асистенција од Гоце Петрески од Скопје, додека оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски, исто од Скопје.
Делегат на натпреварот е Расим Муминовиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев од Стојаково.
Со оглед на значењето на натпреварот и формата на двете екипи, љубителите на фудбалот очекуваат возбудлив меч, додека искусните кичевчани, кои долги години му припаѓаат на овој спорт Стојановски и Цветаноски ќе имаат чест и одговорност да ја делат судиската правда во Кратово.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
-
Кичево12 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Спорт5 часаКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза2 денаОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија1 денОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
