Временска прогноза
Се остварија најавените покачени температури, еве каде беше најтопло во државата

Денес имавме НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината, и тоа поради силното јужно и југозападно воздушно струење.
Денес најтопло беше во Охрид, Битола и Прилеп, во Битола и Охрид се измерени 20 степени, додека во Прилеп дури 21 степен. Во Скопје се измерени 14 степени а во Тетово поради значителната ниска облачност, но и поради маглата беше најстудено со максимална температура која се искачи до само 10 степени.
Сето ова лошо влијае врз здравјето на граѓаните, особено врз метеопатите каде има појава на позначителни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, лошење и главоболка).
Утре и тоа особено претпладне и во западните предели ќе има нови врнежи од дожд, додека од недела следува северен ветер и ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПАД на температурите на воздухот, но и далеку постабилно и посуво време.
Утре исто така да не забораваме сеуште ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во недела, а особено во првите денови од следната седмица температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а наутро истите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 4 степени.
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија1 ден
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили1 ден
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин1 ден
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос