Македонија
Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(31) од с.Долна Лешница, општина Желино. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 184 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
На 24.08.2025 во 16:22 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај Добарски надпатник, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(25) од с.Студеничани, скопско. При радарска контрола било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 192 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
На 24.08.2025 во 15:45 часот на регионален пат во општина Маврово и Ростуше, на место викано „Ростушко Анче“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода В.Д.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
Денеска (25.08.2025) во 01:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.В.(27) од Велес. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,28 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. С.С. веднаш бил исклучен од сообраќај.
За настаните биле запознаени надлежни јавни обвинители и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”, известува Министерството за внатрешни работи.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт10 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин15 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина2 денаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle13 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Хороскоп1 часХороскоп за сабота (6 декември)
-
Македонија1 денСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Временска прогноза16 часаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
