Спорт
(ВИДЕО) Сејдини и ФФМ денес ја претставија својата Генерална стратегија „Обединети од фудбалот за 2021-2025“
Фудбалската федерација на Македонија официјално ја претстави Генералната стратегија „Обединети од фудбалот 2021-2025“.
При создавањето на стратегијата наша клучна одговорност е да го направиме фудбалот фактор кој придонесува во македонското општество и да ги истакнеме придобивките кои произлегуваат од него. Одбирајќи го овој пристап ќе изградиме посветла иднина, ќе внесеме гордост и ќе ја обединиме нацијата преку фудбалот.
Стратегијата „Обединети од фудбалот“ претставува возбудлив, нов правец за фудбалот во Македонија. Благодарение на успехот на нашата репрезентација како инспирација за промени, нашата работа во иднина ја структуиравме преку СЕДУМ стратешки цели.
Реализацијата нема да биде без предизвици, но одлучни сме да останеме посветени надвор од теренот, како што нашите фудбалери се посветени во него.
Обединети од фудбалот 2021-2025 – Генерална стратегија на ФФМ.pdf
На официјалната презентација на новата стратегија на ФФМ, свои обраќања имаа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.
Муамед Сејдини – претседател на ФФМ:
– Сега, кога ги остваруваме нашите стратешки фудбалски цели и интереси, можеме да го свртиме погледот кон иднината што сите ја посакуваме за македонскиот фудбал.
Си земам за слобода да ви се обратам директно, не само во име на вредностите што нè обединуваат, туку многу повеќе затоа што ние заеднички покажавме дека она за што ни беше кажано дека е недостижно, како нашето учество во бараж за Светско првенство или изградбата на фудбалска инфраструктура или поддршката за нашите клубови и академии, е можна.
И покрај тешкиот период надвор од терените, со притисок од пандемијата кој предизвика досега невидени нивоа на изолација на глобално ниво, нашето фудбалско семејство никогаш не било поповрзано. Гордоста која можеше да се препознае низ земјата за време на нашето прво Европско првенство беше неверојатна и јасно е дека желбата да се надоградат овие успеси е заедничка за целата нација.
– Гледајќи кон иднината, а со цел да се надогради овој успех, мора да запаметиме дека репрезентациите кои ни ја донесоа оваа гордост го претставуваат врвот на нашата работа и се резултат на години на посветеност – од играње на улица во нашите населби, па сѐ до нивно претставување на глобалната сцена.
Имајќи го ова во предвид, нашиот иден успех е пропорционален со нашите заложби не само за создавање можности за вклученост во фудбалската игра денес, туку и со размерот со кој ги развиваме основите на нашата игра за уште подобро утре.
Повеќе погледнете во официјалниот видео прилог ТУКА во живо од хотелот „Хилтон“
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Кичево2 денаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт16 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хроника18 часаМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Спорт2 денаВо просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
-
Хроника2 денаДенеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
