Следете не

Балкан

Секретарот за безбедност: Несреќата во Бугарија е резултат на човечка грешка, нема знаци на кочење

Објавено пред

на

Тој рече дека пожарот избувнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во парното.

Автобусот со македонски регистерски таблички, кој утринава се запали на автопатот во Бугарија, се движел со повеќе од 100 километри на час и не покажувал ни милиметар кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно, за BTV изјави Васко Пиргов секретарот за безбедност во Перник.

Тој посочи дека несреќата е „апсолутно резултат на човечка грешка“, пренесува Телма.мк.

Пиргов рече дека автобусот не се превртел и дека возачот се обидел да сврти лево, додавајќи дека имало снимки „кои не се пријатни за гледање“.

 

– Сцената е ужасна. Изгоре предниот дел од автобусот, луѓето кои сега се во болницата Пирогов, биле во задниот дел од автобусот. Се скрши десното стакло на автобусот и преку него излегоа надвор – изјави Пиргов.

Според него, час и половина пред несреќата автобусот застанал на бензинската пумпа на автопатот Струма, каде патниците отишле во тоалет и паузирале околу половина час.

Тој смета дека е исклучена можноста возачот да заспал, бидејќи бензинската пумпа е на 15 минути возење до местото на несреќата.

– Патот е во совршена состојба. Ова е грешка на возачот. Нема можност автобусот да се излизгал на коловозот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од напред. Во самиот автобус имало нафтени цевки – рече Пиргов и додаде дека пожарот избувнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во парното.
Тој додаде дека информација за несреќата добил во 03:04 часот и дека на местото на трагедијата пристигнал околу 03:30 часот, каде веќе биле пожарникари и брза помош.

Извор: Telegraf
Фото: Tanjug

Балкан

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Објавено пред

на

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.

Им посакуваме побрзо закрепнување!

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Објавено пред

на

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.

– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Објавено пред

на

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.

Извор: rts.rs / insajder video

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за среда (18 јуни)

ОВЕН Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден,...

Технологија20 часа

По последните ажурирања на „Windows“, некои корисници наводно критикуваа една од новите функции

По последните ажурирања на „Windows“, многу корисници наводно почнале да се жалат дека функцијата за препознавање лице – „Windows Hello“...

Кичево22 часа

Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од...

Македонија1 ден

Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!

Предмалку „ЕМСЦ“ регистрираше нов земјотрес во Македонија со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Според изворот земјотресот е лоциран со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (17 јуни)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Спорт2 дена

Меѓународната скијачка федерација „FIS“ воведува нов систем за санкционирање, ќе се користат жолти и црвени картони како во фудбалот

Меѓународната скијачка федерација „FIS“ од следната сезона воведува нов систем на санкционирање во скијачките скокови и нордиските дисциплини, користејќи жолти...

Технологија2 дена

Тајван ги стави на црна листа компаниите „Huawei“ и „SMIC“, ќе им треба посебни дозволи за извоз

Тајванските власти за меѓународна трговија ги вклучија кинеските компании „Huawei“ и „SMIC“, заедно со нивни подружници, на својата листа на...

Скопје2 дена

Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено...

Временска прогноза2 дена

Од утре постепена дестабилизација на времето, ова се метео информациите

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во Република Македонија ќе дојде до...

Македонија2 дена

Од ноќеска поскапување на сите горива, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во...

НАЈЧИТАНИ