Временска прогноза
Силен ветар, дождови и снег во одредени реони, ова се најновите метео вести
Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во западните предели, каде во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во делови од Скопската котлина. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.
Според Попоски, утре локално и тоа особено во планинските предели се уште ќе има услови за провејување на снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степен. Веќе од среда па натаму времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија2 денаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Хороскоп16 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура4 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Здравје и убавина24 часаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин3 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
-
Спорт6 часа„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
