Временска прогноза
Стабилно и суво, додека утре на вечер значителна промена на времето која ќе се задржи до вторник – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени – за еспресо.мк вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Потоа под влијание на влажен и студен воздушен бран од север, особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Поради спуштање на студен фронт од север, утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои од пониските места. Ќе започне да дува засилен до СИЛЕН северен ветер, а снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните предели, додека на планините истата ќе се зголемува. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Според Попоски, пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, а ќе има услови и за локално провејување на снег, особено во планинските предели.
Веќе од среда па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време.
Временска прогноза
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.
Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, рано утрово не информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.
Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.
Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.
-
Кичево14 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија5 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија12 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза22 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија2 дена
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“