Следете не

Временска прогноза

Силен ветар, дождови и снег во одредени реони, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Кон крајот на денов и навечер ќе започне да дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец и истиот ќе услови нагло заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во западните предели, каде во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски за Еспресо.мк

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, додека во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во делови од Скопската котлина. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Според Попоски, утре локално и тоа особено во планинските предели се уште ќе има услови за провејување на снег, а ќе дува и засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степен. Веќе од среда па натаму времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди, додека температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Временска прогноза

Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови

Објавено пред

на

За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува студено, особено во ноќните и во утринските часови.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, со што речиси насекаде низ државава ќе има појава на мраз. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.  Да напоменеме дека ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите) и слаб снег на повисоките места и на планините и тоа особено во северозападните предели од државава ќе има во недела доцна попладне и рано навечер.

Во Скопје и околината ќе имаме претежно стабилно и суво време со повеќе сонце. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и -1 степен, а максималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 5 и 8 степени, за ПортаМк пишува Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина

Објавено пред

на

Врнежите кои повторно ќе започнат од следните часови во Македонија, и тоа поради продорот на уште постуден воздух од север, ќе преминуваат во снег и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така врнежи од снег ќе има и во повисоките населени места низ Македонија.

Провејување на снег ќе има понекаде и во градовите, особено во западните  и во северозападните предели. На повисоките места и планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде може таа да биде  и поголема.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Во Скопје  и околината провејување на снег се очекува на околните планини, како и во повисоките предели од котлината. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

  • НАПОМЕНА: Поради ниските температури кои се очекуваат, се очекува појава на мраз, што значи возачите особено доколку се движат кон планинските превои и Скијачките центри да бидат крајно внимателни.

Во петок, како и за време на викендот ќе имаме релативно стабилно и суво време, што значи дека ќе одмориме од многу променливото време и врнежите, но наутро ќе биде уште постудено и температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, што значи дека ќе имаме појава на мраз.

Најстудено преку ден ќе биде во петок и тоа со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во деновите од викендот ќе биде малку потопло преку ден, но и понатаму со негативни температури наутро, за порта.мк вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Објавено пред

на

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.

Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Вчера во сообраќајни контроли на подрачјето од СВР Охрид во Кичево најмногу санкции за возачи кои возеле побрзо од дозволеното

Вчера на 07.12.2023 година од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа,...

Гејминг3 часа

(ВИДЕО) Избрани најдобрите игри за 2023 година на официјалниот „The Game Awards 2023“, ова е списокот на добитници…

Оваа година, повеќе од 100 глобални медиуми го дадоа својот глас во 31 категорија, а победниците беа објавени на стримот...

Временска прогноза10 часа

Продолжениот викенд стабилно и суво, студено ќе биде на утро и во вечерните часови

За време на овој продолжен празничен викенд во Македонија ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе има повеќе сонце, но останува...

Култура16 часа

Денес го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител. Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за петок (8 декември)

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Спорт1 ден

Фудбалската федерација на Македонија истакна дека поради честите судиски грешки во иднина ќе воведе „ВАР“

Вчерашниот натпревар  Струга Т.Љ. – Воска Спорт јасно илустрираше колку е критично отсуството на технологијата за видео асистент судија (ВАР)...

Кичево1 ден

(ФОТО) Внесете ја новогодишната магија во вашиот дом со новогодишните украси од „АТВА Маркети“

Внесете Новогодишна магија во вашиот дом, голем избор на новогодишни украси и лампиони во АТВА Маркетите, посетете ги уште веднаш!

Спорт1 ден

Јакимовски: „Се наоѓаме во добра група, мотивацијата ни е на високо ниво, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното ЕП“

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година...

Автомобили1 ден

Tesla Model S со поминати 1,9 милиони километри, а еве беше променето (ВИДЕО)

Податоците дека автомобилот поминал 1,9 милиони километри звучат повеќе од импресивно, особено кога станува збор за електричен модел. И кога...

Автомобили1 ден

Клиентите не знаеја како да влезат во Cybertruck, Маск мораше да интервенира

Првите единици на Tesla Cybertruck беа испорачани минатата недела, но некои клиенти се чини дека не го разгледале многу добро...

НАЈЧИТАНИ