Следете не

Автомобили

Сите нови автомобили ќе мора да имаат систем за ограничување на брзината од јули 2022 година

Објавено пред

на

Уште еден систем ќе стане дел од задолжителната автомобилска опрема веќе во јули 2022 година.

Европската комисија усвои нацрт-регулатива со која се дефинира задолжителното инсталирање уреди за „Интелигентна помош за брзина“ (Intelligent Speed Assistance – ISA) на сите нови возила од 6 јули 2022 година, пишува HAK Magazine.

Моделските генерации на автомобили кои ќе бидат пуштени во продажба пред тој датум нема да мора да имаат темпомат до почетокот на 2024 година.

Прилагодувањето на брзината може да се дефинира со податоците на системот за навигација или системот за препознавање знаци, кој исто така станува се почест кај денешните автомобили. На производителите им останува да обезбедат доверливост на одредувањето на брзината, а на земјите од ЕУ е да се грижат за сообраќајните знаци за ограничување на брзината, посочуваат од Европската комисија.

Системот ISA ќе го извести возачот за максималната дозволена брзина со звучен и хаптички сигнал, а потоа самиот систем автоматски ќе реагира со спречување на пребрзо возење.

Сепак, тоа не значи дека возачот нема да може да вози побрзо бидејќи системот ќе може да го „заобиколи“ ненадејниот притисок на педалата за гас. Имено, се предвидува можност возачот да го деактивира системот, но тој автоматски да се активира секогаш кога ќе го запали моторот. Начинот на кој функционира е, едноставно кажано, како систем старт-стоп.

© /N1Info/
📷 /Unsplash/

Автомобили

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Објавено пред

на

Фото: Priscilla Du Preez 🇨🇦 @ unsplash

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе вложи вкупно 852 милиони евра во изградба на шест фабрики за батерии за електрични возила во неколку земји членки на ЕУ.

Целта: декарбонизација и индустриска конкурентност

Овие инвестиции се дел од Индустрискиот акционен план и Договорот за чиста индустрија. Според соопштението од Европската комисија, се работи за клучен чекор кон:

  • Намалување на емисиите на стакленички гасови

  • Намалување на зависноста од увоз на батерии

  • Поттикнување на технолошки развој

  • Создавање на висококвалитетни работни места низ Европа

Кои земји ќе добијат фабрики?

Фабриките ќе бидат изградени во следниве земји:

Франција
Германија
Шведска
Полска

Сите проекти се очекува да започнат со работа пред 2030 година и ќе придонесат кон создавање на стабилна и одржлива индустриска база на ЕУ.

Што точно се финансира?

Финансирањето ги опфаќа и капиталните и оперативните трошоци на фабриките, со можност дел од средствата да бидат исплатени и пред почетокот на активното работење. Средствата ќе бидат распределени според исполнувањето на клучни проектни пресвртници.

Очекувани резултати до 2040 година

Проектите имаат амбициозна цел:

  • Намалување на емисиите за 91 милион тони CO2

  • Комбиниран производствен капацитет од околу 56 GWh батериски ќелии годишно

Овие фабрики ќе користат иновативни, еколошки прифатливи технологии, што е од суштинско значење за европската стратегија за климатска неутралност и технолошка независност.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Објавено пред

на

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.

Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.

Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.

Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.

Извор: Telegraf

Прочитај повеќе...

Автомобили

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Објавено пред

на

Фото: John Matychuk @ unsplash

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги оценија сопствениците на новите сериски автомобили од 2025 година. Истражувањето за почетниот квалитет на возилата откри кои модели се најдобри, а кои најчесто разочараа.

Модерните автомобили – повеќе од превоз
Денес автомобилите не се купуваат само поради моторот, перформансите или цената. Тие се симбол на статус, исполнување на соништата и награда за успехот. Но и покрај тоа што од новите автомобили се очекува беспрекорно функционирање, истражувањето на JD Power покажа дека дефекти се појавуваат уште во првите месеци од користење.

Автомобилите со највисок квалитет
• На врвот е Lexus – 166 дефекти на 100 возила.
• Следи Nissan – 169 дефекти.
• Во топ 5 се и Hyundai (173 дефекти), Jaguar (175 дефекти) и Chevrolet (178 дефекти).

Интересно, германските марки, кои важат за најсигурни, не се најдоа на врвот.

Просекот и годинава подобрен
Во истражувањето учествувале 92.694 испитаници од САД и Европа. Просекот за возилата од 2025 година е 192 дефекти на 100 автомобили, што е подобрување во однос на лани (194 дефекти). Блиску до просекот се Porsche (188 дефекти) и Ford (193 дефекти).

Германските автомобили под очекувањата
BMW – 196 дефекти (најдобар меѓу „германците“).
Mercedes – 210 дефекти.
Audi – на дното со 269 дефекти на 100 возила.

Овие резултати изненадија многумина кои германските автомобили ги сметаат за синоним за квалитет.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 часа

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево7 часа

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево8 часа

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

Македонија9 часа

Приведен малолетник од Куманово, сакал да запали бакарни кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место...

Македонија9 часа

МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите...

Хороскоп21 час

Хороскоп за понеделник (14 јули)

Овен Веќе некое време се чувствувате како робот кој извршува една по една задача, време е да се посветите! Дневниот...

Хроника1 ден

МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот

Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во Прилеп, според првичните сознанијата со кои...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (13 јули)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест...

Кичево2 дена

Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во...

НАЈЧИТАНИ