Следете не

Кичево

Слава на хероите! Кичево, 121 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година.

Објавено пред

на

Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста Гурѓејца“. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска република од 1903 година. Загинатите борци на Гурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.

По нападот на востаницитс на Кичево, турскиот аскер ги зајакнал своите позиции, како засилување им дошле војниците од гарнизонот сместен во селото Ижиште и со силен напад се упатиле кон селото Вранештица, се со цел да пробијат кон селото Слп и да се поврзат со војските од демирхисарско. Турската војска наишла на силен отпор од селската чета од Вранештица, како и востаниците предводени од Арсо војвода. Во овие борби зеле учество и селските чети од бржданска река Брждани, Белица, Јудово, Кладник и Видрани. Во овие борби се борела и манастирската чета што ја водел младиот поп Стојан од селото Подвис. Востаниците имале успех и го принудиле аскерот да се повлече кон градот. Во тие борби војводата Арсо, минувајќи низ селото Староец, една аскерска заседа го ранила во ногата, но тој храбро ги продолжил борбите.

Разбеснат поради големите загуби во овие борби на 3 август, турскиот аскер масовно тргнал да се пресмета со востаниците, собирајќи и голем број на башибозучки сили. Осамнал 4 август 1903 година. Убав летен ден, а над селото Карбуница се надвиснале црни облаци од чад од силната пукотница. Започнала најкрвавата битка во Кичевско битката кај “Ѓурѓејца”. Се судриле две војски, гради вгради. За кусо време пукотниците од оружјето престанале. Аскерот и востаниците се фатиле гуша за гуша и се бореле со кундаците и бајонетите. Востаниците имале тешки загуби. Во тие тешки и судбоносни моменти пристигнала веста дека на помош доаѓа Јордан Пиперката со над 150 востаници од Демирхисарско. И навистина Јордан пристигнал. Веста за пристигнувањето на Јордан Пиперката, внесла забуна во редовите на турската војска и башибозук. Сите добро знаеле кој е Јордан, храбар и бестрашен борец. Борбените дејствија биле се пожестоки и неизвесни. Во силната пукотница смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер ага од Зајас. Наеднаш затишје на Ѓурѓејца, потоа аскерот се дал во бегство, штом виделе дека водачот им загинал. Прв пат во Илинден оваа битка била добиена, положбата над Карбуница бил спасен, а со тоа бил нанесен тежок удар на вековниот поробител. По се изгледа дека аскерот дал големи жртви што се откажал од понатамошните акции.

Оваа битка кај Гурѓејца востаниците скапо ја платиле давајќи над 30 загинати борци од кои 17 загинати претежно од демирхисарско. Селаните од Кладник ги закопале во дворот на црквата, каде денес на надгробната плоча се испишани имињата на борците кои ги дадоа своите животи за делото на Македонија. На третиот ден по битката во селото Белица дошол членот на Главниот Штаб Борис Сарафов, кој се сретнал со Арсо Војводата и со селските реонски војводи, кој изразил благодарност за пожртвуваноста на борците во оваа пресудна битка.

Турскиот аскер скоро три седмици не се појавил на теренот во Горна и Долна Копачка. Во тој период се вратиле сите селани, жени и деца кои биле во збегови во шумата, почнало да се собира летината и да се собере нешто за претстојната зима.

Задушувањето на Илинденското востание во Кичсвско се одвивало со неколку аскерски офанзиви распоредени скоро по сите реони. За разлика од другите револуционерни реони, а особено во Охридскиот каде последиците биле најжестоки, во кичевско многу побавно течело ликвидирањето на востаничките сили. Османлиската власт не успеала да го вклучи во борбата масовно муслиманското население, како за време на востанието, така и во задушувањето. Голема била улогата на Лука Ѓеров кој успеал да постави дијалог со албанското население од дебарскиот крај, а по овие разговори останале неангажирани во задушувањето на востанието.

Првиот обид за повторно заземање на Копачијата бил направен на 30 август 1903 година, кога силен аскер, со јачина од 500 души од дебарскиот гарнизон, го минале планинскиот превој “Јама” и го нападнале селото Душогубица, а друга потера тргнала кон селото Лавчани. Храбрата селска чега од Душогубица што ја предводел Крсте Алексов, искусен војвода кој бил од Ербеле дебарско, се оженил во село Душогубица и целосно се вклучил во ослободителните борби во Илинден, во Копачијата и Кичевско, заедно со Лука Ѓеров и со Наќе војвода. како и селските чети од Иванчишта, Ехлоец, Попоец, Кленоец и Малкоец, кои им дошле на помош успеале да го одбијат овој напад. Башибозукот кој доаѓал преку “Два Камена” и покрај силниот востанички отпор го запалиле селото Лавчани.  Во акциите за задушување на востанието и во Рабетинска река аскерот направил неколку обиди да се справи со востаниците. После тешките борби кај месноста “Подуач” борбите кај селото Патеец или како оној судир е познат “патеечки судир”, аскерот на 26 и 27 август 1903 година со големи сили од Поречието, ако и од гарнизонот во селото Ижиште извршиле напад на востаничкиот реон Рабетино.

Месност „Подуач“ крај село Речани (Рабетинско), сведок на големата жртва на македонскиот народ од кичевско за време на Илинден

Борбите траеле два дена. Во овие борби востаниците претрпеле страотен пораз во кои борби своите животи ги дале над 35 востаници. Во овие борби треба да се подвлече и меѓусебната борба меѓу две турски потери Едната потера која доаѓала од Кичево, преку Орланци и Крушица се судрила со турската потера која доаѓала од Патеец. Во меѓусебните борби кај селата Рабетино и Дупјани имало многу убиени, но за одмазда ги запалиле селата Дупјани и Рабетино. На 18 септември 1903 година неочекувано од Кичево дошла многу војска и од Бржданска река, кога било ограбено и запалено селото Белица. Последен продор на турскиот аскер бил направен во почетокот на месец октомври, кога биле целосно освоени селата Брждани, Козица, Белица, Свињишта, Видрани, Кладник и Карбуница. На тој потег бил и манастирот Света Богородица – Пречиста, кој и покрај силниот отпор од манастирската чета предводена од поп Стојан бил освоен.

Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево, едно од последните упоришта на отпорот за време на Илинденското востание

Главниот востанички штаб издал наредба во која се предлагало: да се расформираат селските чети во помали групи, да се избегнуваат директни судири со аскерот, луѓето кои беа во збегови да се вратат во своите домови, бидејќи турскиот аскер имал објавено, онаму каде ќе се најде празно село, ќе биде запалено.

Инаку една од најкрвавите битки од Илинденската епопеја во која на олтарот за Автономна Македонија се 12-ет Церани меѓу кои и Анѓеле Попоски Зеленко ги положија животите!

Смрт на тиранинот, слобода на народот! Тоа биле мажи, млади и непоколебливи кои ја платија највисоката цена… ги положија своите животи!

Како и денес така и во тоа време се воделе братоубиствени војни, ќе се осврнам на помошта која требала да дојде од Јордан Сиљанов Пиперкоски – Пиперката кој требало да пружи помош на веќе ослабените комитски позиции.
Иако Јордан стигнал на време од спротива немо ја следел битката на Ѓургејца во која како што реков се водека битка гради в гради со кундаци и бајонети, по битката на Ножот ова била една од најкрвавите битки по Илинденското востание!

Во еден миг запрашан Јордан од Костадин Стојанов со зборовите ” Војводо време е да пружиме помош и да го нападиме башибозукот “, Јордан одговорил

– Оставете нека гинат што повеќе, толку повеќе вдовици ќе има за нас во Цер!
По битката на Ѓургејца и Битката во с.Белица пристигнува Претседателот на Охридското Горско Начелство Борис Сарафов кој им честитал на востаниците, но воедно кога разбрал за дејствијата и вистената на Ѓургејца зошто Јордан не делувал, го свикува Начелството во Охрид и ја носи по трет пат смртната предуда за Јордан Пиперката! Истата пресуда ја доверува токму на Костадин Стојанов да направи завера во Цер и да го ликвидира Пиоерката иако претходно на два пати ја избегнал смртната казна поради засолнувањето од страна на селскиот Поп од с. Вранештица кој преку каналите на ВМРО успева на два пати тајно да обезбеди пребегнување на Јордан во Софија тос и го пишува во мемоарите на Пео Јаворов!

По само три седмици во Цер во месноста Вренцова Залага е извршена смрттната пресуда за Пиперката!

По ликвидацијата во која Пиперката загинува со уште тројца свои соборци од стрсна на Стојанов е издедена наредба телата да не се погребаат ниру во Цер ниту во неговата родна Козица, туку да се погребаат во месноста Черешна во с.Велмевци од каде се гледа Суво Поле / Церско поле со зборовите ” Однесете ги на Черешна во Велмеј од таму сега нека ги гледа Церските вдоици” !

Тоа е вистината за погибието на Пиперката во Цер! По извршување на заверата Костадин Стојанов пребегнува за Аргентина се со цел да ја избегне крвната одмазда кон него.

Така постепено згаснал огнот во Илинденското востание во Кичево и Кичевско.

Текстот е превземен од kicevo.mk | ТУКА

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Кичево

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Објавено пред

на

©porta.mk

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.

Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.

Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.

Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.

Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.

Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

Објавено пред

на

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Кичево

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

Објавено пред

на

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.

Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за петок (19 декември)

ОВЕН Денес ќе ви се чини особено напорен ден затоа што ќе бидете помалку продуктивни од вообичаено, нема да имате...

Кичево7 часа

(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!

Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена...

Кичево8 часа

Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента

СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим...

Македонија11 часа

Бензините од вечерва со намалена цена за литар, дизелот останува непроменет

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Временска прогноза12 часа

Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!

Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па...

Кичево13 часа

Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат

На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете,...

Македонија15 часа

„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!

Во тек е најмасовната хуманитарна акција „Пакетчиња за Сите Дечиња“ која започна во Охрид, но за брзо се прошири во...

Фото: Brooke Cagle @ unsplash Фото: Brooke Cagle @ unsplash
Магазин15 часа

Заборавете го лаптопот: Galaxy Tab S11 носи сериозен мултитаскинг

За сите што некогаш се прашувале дали таблетот може целосно да го замени лаптопот, Samsung нуди јасен одговор – може,...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Македонија18 часа

Намалена видливост поради магла на патен правец Неготино – Демир Капија

АМСМ известува дека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино – Демир Капија, прилагодете ја брзината...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (18 декември)

ОВЕН  Личноста со која сте блиски сигурно ќе ви даде добар совет. Слушајте внимателно дури и ако ви се чини...

НАЈЧИТАНИ