Временска прогноза
Следуваат поинтензивни врнежи од снег и дожд, ова е најновата метео анализа

Како што претходно кажавме, утре претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.
Нов влажен и СТУДЕН воздушен бран се очекува во четврток попладне и во петок, и истиот ќе услови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и од снег.
Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион понатаму ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека врнежи од дожд и од снег се очекуваат во четврток навечер и во петок.
Особено утре ќе дува засилен ветер од северен правец, додена наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 6 степени.
Пишува Славчо Попоски за Еспресо.мк
Временска прогноза
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд

Територијата во Македонија се наоѓа под влијание на нов топол бран од Африка. Времето се до 15 август (петок) во нашата Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со појава на мала локална облачнност. Повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
И во Скопскиот регион се до 15 август (петок) времето ќе биде сончево и многу топло, а повремено ќе засилува ветер од северен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, тоа значи дека повторно, особено во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонијаќе имаме тропски ноќи, односно, температурите и во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопскиот регион максималната температура за време на овој топол бран од Африка ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.
Поради новиот топол бран, и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), исто така, граѓаните ги советувам за време на овие летни горештини да пијат и повеќе течности, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Пред нас многу сонце и значително потопло време, сѐ враќаат летните температури

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од четврток (7 август) па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе биде и значително потопло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.
Во Скопје максималната дневна температура во погоре споменатиот период ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Сепак и покрај ова, ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и повремено тој ќе засилува на интензитет.
Пред нас е многу стабилно, суво и повторно значително потопло време, што значи дека убави летни денови ќе имаме и понатаму, се до средината на овој месец, секако, гледано според моменталните излези на прогностичките модели, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух на висина, во Македонија следува променливо и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Денес (вторник 29 јули) повремено ќе дува засилен ветер, во западните предели од западен, а долж Повардарието од северен правец.
Нестабилно на повеќе места со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и со услови за појава на град ќе биде во текот на утрешната ноќ (среда кон четврток 30/31 јули) како и во четврток (31 јули) во текот на денот.
Локално ќе има пообилни врнежи па така локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.
И во Скопскиот регион за време на погоре споменатиот период ќе биде нестабилно со повремен локален дожд, услови за појава на грмежи како и со повремено засилен ветер од северен правец. Поголеми услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме ќе има во четврток (31 јули).
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, додека максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 20 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.
– Апелирам во случај на појава на невреме и на електрични празнења во следниот период, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат слоите автомобили, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (8 август)
-
Кичево19 часа
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (9 август)
-
Македонија2 часа
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство
-
Култура1 ден
Денеска се слави Преподобната маченичка Параскева, позната меѓународот како Св.Петка
-
Македонија2 дена
МВР изрече условна казна затвор и депортирање на германец поради говор на омраза, пред натпреварот Шкендија-Карабах
-
Македонија2 дена
РЦ Запад во координација со СВР Охрид санкционираа албански државјанки без регулиран престој
-
Временска прогноза15 часа
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд