Спорт
„Словенија Куп“ нов предизвик за младата женска фудбалска репрезентација на Македонија

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 18 до 26 септември ќе биде учесник на силниот меѓународен контролен турнир „Словенија Куп”.
Избраниците на селекторот Астрит Мерко на овој силен турнир ќе одиграат три натпревари против квалитетни репрезентации на Словенија, Чешка и Португалија.
Младите фудбалерки на стартот на турнирот играат со домаќинот, селекцијата на Словенија. Овој натпреварот против домаќинот Словенија е закажан на 20. септември.
Три дена подоцна, Македонија силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Чешка.
Последниот натпревар го играме против Португалија на 26. септември.
Сите три мечеви од овој турнир ќе ги одиграме во Крајнска Гора.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко за претстојниот силен меѓународен турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Сиљаноска (Атлетико)
Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Катарина Петкова (Истатов);
Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Јована Павловска(Цевитана), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург – Бротал, Германија), Никита Стојчевска (Шведска)
Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија); Лора Сулејмани, (ПСО92 –Франција), Симона Меијер (Макаби хришконот Хадера);
Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на самите квалификации во октомври во Ерменија.
Спорт
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување.
Турнирот пред присутните свечено го отвори претседателот на ЗРР “Иванден-Староец”, г-дин Владо Симјановски кој посака топло добредојде на сите жители, гости, спортисти и пријатели.
– Со особена чест и голема радост ве поздравувам и ви посакувам топло добредојде на денешниот настан – традиционалниот турнир во мал фудбал, организиран по повод големиот празник – раѓањето на Св. Јован Крстител – Иванден.
Овој ден има особено значење за нашето село и нашата заедница. Иванден не е само религиозен празник, туку симбол на духовна обнова, заедништво, традиција. Токму затоа, овој турнир не е само спортски настан, туку и начин да се собереме, да се поврземе и да го одбележиме празникот со младешка енергија, фер игра и дружење.
Голема благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и спонзори кои го направија овој турнир можен. Ви посакувам фер и борбена игра, исполнета со спортски дух, пријателство и почит. А на гледачите – да уживаат во добар фудбал и празничната атмосфера.
Нека Иванден ни донесе здравје, мир, благосостојба и уште многу вакви заеднички собири во иднина.
Нека ни е честит празникот и нека биде успешен турнирот, заврши Симјановски, така што пред турнирот да биде официјално отворен, беше оддадено едноминутно молчење, во знак на почит за прерано починатото момче, во трагична сообраќајка – Димитар Трајчевски кој влече корени од селото.
Ова се денешните резултати:
- Пунџа Слобода – Клас Македоски Брод резултат 1:2
- Мајстори 1 – Рибник Добреноец резултат 1:3
- Кај Кумот-Кафе Фрст Македонски Брод резултат 6:2
- Напредок-Роденденски Пињати резултат 0:3
Утре (понеделник) фудбалскиот турнир влегува во својата финална завршница, каде со старт од 16:00ч присутните ќе можат да уживаат во прекрасната природа, вкусна храна и ладен пијалок.
Распоред на натпревари:
1.Староец-Рибник Добреноец (прв меч)
За полуфинална борба:
1.Клас Македонски Брод
2.Рибник Добреноец
3.Кај Кумот
4.Роденденски Пињати
5.Староец
Спортски поздрав, се гледаме таму!
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија12 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза16 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт4 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle13 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена