Следете не

Спорт

Судиска анализа на 7-то коло во ПМФЛ како и за 5-то коло од втората македонска фудбалска лига, ова се заклучоците кои ги донесе стручниот тим

Објавено пред

на

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 7 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Тиквеш-Фк.Вардар  одигран на 17.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од  52 минута.

“Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакрачевски и Климент Ристоски.

52 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт- ЦРВЕН картон  за играч од домашната екипа)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка на средина на терен, противнички играч со недозволен лизгачки старт од позади грб (на ногата на противникот) направи прекршок и со тоа ја спречи акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа поради недозволен старт од позади грб (на ногата на противникот), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домакините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На натпреварот  Фк.Брегалница-Фк.Струга Трим Лум одигран на 17.09.2023 година, анализирани се ситуациите од 21, 28, 53, 67 и 90+3 минута.

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Мартин Петковски.

21 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон –ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка на средина на терен, противнички играч со недозволен лизгачки старт од позади грб (на ногата на противникот) направи прекршок и со тоа ја спречи акцијата.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен жолт картон за играчот на гостинската  екипа поради недозволен старт од позади грб (на ногата на противникот), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на гостите, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

28 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен втор жолт картон –ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка на средина на терен, противнички играч стартуваше невнимателно и на недозволен начин, нагазувајки ја со целото стапало ногата (долниот дел)  на гостинскиот играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа поради недозволен старт (газење со цело стапало на ногата на противнички играч), бидејки тоа беше втор жолт картон за играчот на домакините, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

53 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч на гостинската екипа се наоѓаше во 16-сетникот на домакините, истиот шутираше кон голот на домакините, топката се одби од земја и удри во телото/рака (која беше прилепена до телото) на играч на домакините кој беше завртен со телото сакајки да ја блокира топката.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки во оваа ситуација немаше елементи за да се досуди пенал, бидејки раката на играчот на домакините беше прилепена до телото, играчот беше свртен со грб, а и топката го удри играчот во телото.

67 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен ЦРВЕН картон на играч на гостинската екипа за спречување очигледна шанса за гол).

Играч на домакините додаде топка кон свој соиграч пред 16- сетникот на гостинската екипа, во моментот кога играчот на домакините ја прими топката и сакаше да тргне кон голот на гостите, предпоследниот играч од одбраната на гостите направи недозлолен старт над играчот и со тоа спречи очигледна шанса за гол.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен ЦРВЕН картон за играчот на гостите за спречување очигледна шанса за гол.

90+3 минута:  ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудено офсајд позиција- поништен регуларен гол за гостинската екипа) Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа, во моментот на додавање на топката соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините), истиот ја додаде топката до друг соиграч кој постригна гол.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините).

На натпреварот Фк.Работнички– Фк.Воска одигран на 17.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од  30 минута.

“Главен судија: Стојан Стојанов. Помошни судии: Христијан Џонов и Стојан Костадинов.

30 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа и пред голманскиот простор од 5,5 метри, во моментот кога сакаше да шутира кон голот, играч од противничката екипа сакајки да стартува на топката направи недозволен старт (од позади грб) на ногата на играчот и направи прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домакините поради недозволен старт(од позади грб) на гостински играч на ногата на противникот и исправно доделен жолт картон.

На натпреварот Фк.Силекс– Фк.Шкендија одигран на 17.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од  19 минута.

“Главенсудија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Даниел Василевски.

24 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа)

Играч на домашната екипа ја имаше во посед топката и продираше странично  во 16-сетникот на гостинската екипа, до него се наоѓаше противнички играч,  играчот на домакините си ја додаде топката понапред и иницираше минимален контакт со противничкиот играч, по што играчот  падна за да изнуди пенал.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал, бидејќи во оваа ситуација немаше елементи за пенал.

Во оваа ситуација требаше да се досуди индиректен слободен удар за гостинската екипа и да се додели жолт картон за играчот на домакините за неспортски однос (симулација).

На натпреварот Фк.Шкупи-Фк.Брера А.П немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 5 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк. Новаци – Фк. Башкими одигран на 16.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.

“Главен судија: Нинослав Нонков. Помошни судии: Вјлоца Изеири и Елена Соклевска.

81 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч на гостинската екипа додаде долга топка до свој соиграч во 16-сетникот на домакините, на топката тргнаа голманот и играчот на гостите, играчот на гостите прв стигна до топката и ја удри топката со глава, за  потоа голманот по инерција да направи недозволен старт над противничкиот играч скокајки со цело тело над него.

Погрешна одлука на главниот судија, погрешно ја процени сидтуацијата и досуди слободен удар за голманот, иако голманот е тој што направи прекршок, бидејки играчот на гостите прв стигна до топката и играше со неа.Во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа и да додели жолт картон за голманот на домакините поради недозволен старт.

На натпреварот  Фк.Кожуф – Фк.Пелистер одигран на 16.09.2023 година, анализирани се ситуациите од  47, 54 и 90+4 минута.

“Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Давор Дишлиевски и Борис Трајков.

47 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинската екипа)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката  во 16-тникот  на домакините и во изледна шанса , противнички играч направи лизгачки старт сакајки да ја удри топкатата, меѓутоа не ја допира и прави недозвлоен старт на ногата на играчот, односно прави очигледен прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (лизгачки старт на нога) на играч на домашната екипа над противнички играч.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше добра и јасна прегледност.

54 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар за домашната екипа)

Играч на гостинската екипа центрира топка во 16-сетникот на домакините, играчот на домашната екипа пред да ја удри топката со глава, противнички играч со раката (лактот) се наслонува над него и го спречува да игра со топката правејки прекршок, и потоа ја игра топката со глава и постигнува гол.

Исправна одлука на главниот судија, пред да е удрена топката со глава и постигнат гол, главниот судија свири слободен удар за екипата на домакините, поради недозволен старт (наслонување со рака/лакт на телото на противнички играч) на гостински играч.

Главниот судија беше одлично поставен, и донесе исправна одлука.

90+4 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч од гостинската екипа од слободен удар шутира кон голот на домакините, играч од живиот зид на гостнската екипа  во својот 16-сетник скока да ја блокира  топката и таа го удри во телото/рака (која беше прилепена до телото), при блокирањето играчот  беше завртен со телото.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки во оваа ситуација немаше елементи за да се досуди пенал, бидејки раката на играчот на домакините беше прилепена до телото, играчот беше свртен со грб, а и топката го удри играчот во телото/раката.

На натпреварот  Фк.Детонит – Фк.Беса одигран на 16.09.2023 година, анализирани се ситуациите од  9 и 85 минута.

“Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Душко Панов и Дејан Димитријевиќ.

9 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа)

Играч на гостите додаде топка до соиграч во 16-сетникот на домашната екипа, соиграчот беше со грб свртен кон голот на домакините во моментот кога ја примаше топката , потоа дојде до минимален контакт со гостински играч и по тој контакт играчот падна сакајки да изнуди пенал.

Исправна одлука на главниот судија што  дозволи играта да продолжи , бидејки контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.

85 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон на гостински играч)

Играч на домашната екипа ја имаше топката во свој посед во половината на гостинската екипа, играч на гостите стратуваше со лизгачки старт над играчот на домакините, меѓутоа едната нога намерно ја дигна високо и на недозволен начин го удри играчот во телото.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен ЦРВЕН картон за играот на гостинската екипа поради неспортски старт (при лизгачки старт високо подигната нога во тело на противник).

Од натпреварот Фк.Осогово- Фк.Охрид, судиската комисија иако не влијаат на резултатот, не е задоволна од двајцата асистенти од нивната професионалност во извршувањето на нивните обврски.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Спорт

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.

– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА

Нека е со среќа!

Прочитај повеќе...

Спорт

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.

И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.

Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.

Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.

По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.

1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1

Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.

Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ

1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.

Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!

Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.

🏆 Рибник-Добреноец

🥈 Роденденски Пињати-Кичево

🥉 Клас МК Брод

Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за сабота (19 јули)

ОВЕН Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција....

Кичево8 часа

Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија11 часа

(ВИДЕО) МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни...

Спорт11 часа

(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од...

Хроника14 часа

Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот

На 17.07.2025 во 14:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У....

Кичево14 часа

АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево Заштеди веднаш, само во...

Македонија14 часа

Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”,  полициски службеници од ОВР Ресен...

Lifestyle15 часа

Не ги ставајте овие овошја и зеленчуци во фрижидер – еве зошто

Правилното складирање на овошјето и зеленчукот може значително да влијае на нивната свежина, вкус и трајност. Иако фрижидерот често се...

Магазин15 часа

Google го најави датумот за претставување на новите Pixel уреди

Американската технолошка компанија Google најави дека на 20 август ќе го одржи својот следен голем настан – „Made by Google“...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (18 јули)

ОВЕН Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно,...

НАЈЧИТАНИ