Следете не

Временска прогноза

Нестабилност во нашиот регион од утре доцна попладне, ова се последните информации..

Објавено пред

на

Во текот на претстојната ноќ, поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Алпскиот регион очекуваме дури и врнежи од снег, додека во исто време токму поради овој студен продор, и истиот кога ќе пристигне во многу загреаната и затоплената Атмосфера на Балканот, ќе дојде до ново суперќелиско невреме и тоа од ова најмногу стравуваат Словенија, Хрватска, северните и североисточните предели од Босна и Херцеговина, како и соседна Србија.

Од појави кои следат, ќе има интензивни поројни врнежи на многу места, бурен ветер кој се очекува да направи и многу штети, силни и чести електрични празнења, како и појава на крупен град. Зрната на град дури можно е да бидат поголеми и од 5 цм. На граѓаните, а особено на нашите граѓани кои живеат во овие држави им препорачуваме во случај на појава на силно невреме, да не излегуваат надвор, исто така своите автомобили да ги заштитат од силниот град, односно да ги стават во своите гаражи, и да се избегнува ставање на автомобили под дрвја.

Температурите ширум регионот со ова ново застрашувачко невреме ќе опаднат дури и за 20 степени во споредба со сегашните.

Кај нас во Македонија пак се очекува да дува засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Утре доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за изолирана нестабилност, а во четврток ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе опаднат дури за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени, а во четврток во западните предели ќе има и појава на локален дожд, што значи дека за голема среќа големото невреме од регионот нема да стигне до Македонија, но многу ќе освежи.

НАПОМЕНА: Од четврток ќе имаме потпросечни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. По се изгледа со овој студен бран, завршуваме со ваквите екстремно високи температури на воздухот за ова лето. Исто така од четврток во утринските часови температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени.

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

ФФМ сеќавање: Десет години од смртта на Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж..

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците...

Технологија3 часа

На „WhatsApp“ доаѓаат нови функции, овој пат за планирање и организирање на вашите настани

Планирањето и организирањето настани е незаменлив дел од животот на многу луѓе, па веќе имаме бројни апликации и календари кои...

Кичево3 часа

Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг

Денес дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ заедно со родителите и вработените по повод најголемиот христијански празник за прв пат организираа...

Култура17 часа

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (2 мај)

ОВЕН Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во...

Автомобили20 часа

(ВИДЕО) Уникатниот „Aston Martin“ најави нов надграден „V12“ мотор

„Aston Martin“ објави дека V12 моторот не само што не е мртов, туку компанијата го најави и својот фундаментален редизајн....

Технологија20 часа

„Google“ отушта цел „Python“ тим кој бележеше успеси во фирмата, управата вели дека им треба ефтина работна сила

Одлуката е донесена како дел од стратегијата за намалување на трошоците, што всушност значи ангажирање работници надвор од Соединетите Американски...

Магазин24 часа

На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон

На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да...

Македонија1 ден

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се,...

Македонија1 ден

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој...

НАЈЧИТАНИ