Следете не

Свет

Соединетите држави одобрија трета доза Pfizer-Biontek за стари лица и лица во ризик

Објавено пред

на

Соединетите Американски Држави (САД) ја одобрија третата доза на вакцина Pfizer-Biontek против коронавирус за лица постари од 65 години и за лица „со висок ризик“ да развијат потешка форма на Ковид-19, соопшти Американската агенција за лекови објави утрово.

Дополнителната доза може да се даде шест месеци по втората инјекција.

Барањата за засилувачка доза ги исполнуваат и оние помлади од 65 години кои се „под висок ризик“ да развијат тешка форма на болеста, како и оние кои се во позиција на „висок ризик“ поради „честа изложеност“ на вирусот.

Извор: n1info
Фото: Unsplash

Свет

Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!

Објавено пред

на

ФОТО: Shashank Rana @ Unsplash.com

Најголемиот досега познат марсовски метеорит што стигнал до Земјата е продаден на аукција во Њујорк за импресивни 5,3 милиони долари. Оваа вонземска карпа, тешка 25 килограми, била откриена минатата година во пустината Сахара во Нигер. Научниците сметаат дека парчето било исфрлено од Марс по силен удар со астероид.

Метеоритот, означен како NWA 16788, е околу 70% поголем од кој било друг познат метеорит од Марс. Неговите димензии изнесуваат приближно 38 x 28 x 15 сантиметри, а пред да биде продаден, бил изложен во Италијанската вселенска агенција во Рим.

Иако почетната проценка на вредноста се движела помеѓу 2 и 4 милиони долари, интересот кај купувачите нагло пораснал, па по неколку понуди, цената достигнала 5,3 милиони долари. Името на купувачот останува непознато.

На Земјата постојат помалку од 400 потврдени примероци од Марс, а овој метеорит самостојно претставува околу 7% од вкупниот познат марсовски материјал. Ваквите примероци се од огромна научна и културна вредност и служат како потсетник за поврзаноста на нашата планета со останатите небески тела – дури и кога тие доаѓаат од 225 милиони километри далечина.

Извор: kosmickiglasnik.rs

Прочитај повеќе...

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево5 часа

(ФОТО) Вчера официјално заврши дводневниот музички настан во Кичево, каде домашните музички имиња беа дел од одличните гала вечери!

Вчера и официјално се реализира и завршната гала концертна вечер во Кичево.  „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски,...

Македонија10 часа

Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица...

Култура22 часа

122 години „Илинден“ – Честит именден на сите кои го носат името Илија, Илчо, Илинка, Илина, Иле…

Големиот македонски празник, 122 години „Илинден“ најмногу го асоцира македонскиот народ на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак,...

Хороскоп23 часа

Празничен Хороскоп (2 август)

ОВЕН Погледот кон вашиот паричник може да му донесе мрачно расположение на Овенот. Имавте планина од сметки да платите, а...

Мобилни уреди1 ден

Се чини дека 5000 mAh батерија на современите телефони не е доволна

Во минатото, паметните телефони со батерија од 5000 mAh се сметаа за уреди со солидна издржливост. Но денес, ова веќе...

Кичево2 дена

(ГАЛЕРИЈА) Музичките имиња од Кичево го исполнија плоштадот до последно место, во првата музичка манифестација, вечерва финале од дводневниот спектакл „Кичевчани пеат за Кичево“

Денес посетителите со своето присуство го потврдија она што почесто му треба на град Кичево, а со тоа испишаа историја...

Хороскоп2 дена

Месечен Хороскоп (август)

ОВЕН Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со соработниците за да ја подобрите вашата деловна позиција....

Кичево2 дена

Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север  и од северозапад,...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за четврток (31 јули)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Кичево3 дена

(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде...

НАЈЧИТАНИ