Спорт
Софтверот за вештачка интелигенција ги пресметал шансите на секоја репрезентација на Светското првенство во Катар

Користејќи вештачка интелигенција, „The Analyst“ ги пресметал шансите на поединечни тимови за освојување на Светското првенство во 2022. Симулацијата на турнирот била изведена 1.000 пати, а тимовите биле рангирани според шансите за освојување на шампионатот.
Франција има најголеми шанси како селекција која ја одбрани титулата и ја победи Хрватска на завршниот турнир пред четири години. Сепак, има уште неколку тимови кои сакаат шанса да покажат што можат.
ICYMI: We're now down to 32 teams, and we've got our first 2022 World Cup predictions.
France to become the first team since Brazil in 1962 to retain the World Cup? 🤔🔮
Full article: ➡️ https://t.co/vodGiGLhYU pic.twitter.com/Jyt5w9oAIj
— The Analyst (@OptaAnalyst) June 15, 2022
Спорт
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да го запишат едно од највредните ремија во поновата историја, 0:0 против силната селекција на Белгија.
Иако домаќинот важеше за апсолутен фаворит, со имиња како Кевин Де Брујн, Леандро Тросар, Лоис Опенда и Жереми Дуко, фудбалерите на селекторот Милевски покажаа неверојатна дисциплина, борбеност и тимски дух. Белгија доминираше во поседот и статистиката со дури 25 обиди кон голот, но на македонската гол-линија блескаше Столе Димитриевски, кој со пет клучни интервенции ја сочуваше нашата мрежа недопрена.
На спротивната страна, Тибо Куртоа имаше мирна вечер, бидејќи „црвено-жолтите“ не упатија ниту еден удар кон неговиот гол. Сепак, тактичката зрелост и борбениот пристап донесоа резултат — бод кој вреди како победа.
Со ова реми, Македонија останува на врвот на групата Ј со 12 освоени бода, еден повеќе од Белгија и два повеќе од Велс. Првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман на Светското првенство, додека второто место води во плејофот, што значи дека секој нареден натпревар ќе има огромна тежина.
Ова е уште една потврда дека македонскиот фудбал расте, а националниот тим станува фактор кој никој повеќе не смее да го потцени.
Спорт
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа!
Извор: ФФМ
Спорт
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.
Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.
Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).
Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.
Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.
Одиме напред
-
Кичево2 дена
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Автомобили11 часа
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (11 октомври)
-
Кичево9 часа
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
-
Временска прогноза2 дена
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија1 ден
Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (12 октомври)
-
Спорт1 ден
Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!