Следете не

Временска прогноза

Сончево и топло, од среда услови за локална нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи

Објавено пред

на

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 26 степени.

Од утре попладне во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, додека од среда попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Температурите поради продор на значително потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес и утре по свежо време, од среда доаѓа затоплување на времето

Објавено пред

на

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека температурите ќе бидат под просекот и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа од среда и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ се очекува поголемо затоплување на времето кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, иако локално не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Вонредни метео вести: Од север доаѓа студен фронт и дожд, ова се деталите..

Објавено пред

на

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час). Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 30 степени, додека во вечерните часови значително ќе започнат да опаѓаат и до утре изутрина истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели.

Променливо и свежо време со северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе засилува ќе се задржи и утре како и во вторник, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. Додека температурите ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено свежо (истите ќе бидат пониски од нормалните за 5 до 10 степени). Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени, додека наутро истите на повеќе места ќе паѓаат и под 10 степени.

Сепак поради продор на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето ќе имаме од среда па натаму.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 6 минути

Арнаутовиќ се спаси, доби само 1 натпревар суспензија, неговата навреда не е карактеризирана на расна и етничка основа

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска е суспендиран на еден натпревар откако го навреди нашиот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски на меѓусебниот...

МакедонијаПред 31 минута

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија...

КичевоПред 1 час

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 3 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 4 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 6 часа

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

СветПред 6 часа

Канцерогени хемикалии пронајдени во шминка производи во САД и Канада

Една нова студија открила високи нивоа на маркери за токсични PFAS супстанции во 52 проценти од 231 шминка производи тестирани...

Временска прогнозаПред 12 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 12 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 13 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

НАЈЧИТАНИ